• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Магазин

Семејството Димитровски, симболот на македонското куглање

јули 2nd, 2018 Магазин коментари 1746

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Семејството Димитровски, симболот на македонското куглање

Куглањето е една од најстарите и најпопуларни игри во светот.

Во 1930 –тите години, британски антрополог Флиндерс Петри , открил збирка на предмети во гроб на дете во Египет, кои навидум се користеле како примитивна форма на куглање (груба верзија на кугларска топка и дрвца, изработени на примитивен начин). Откриени се заедно со неколку артефакти, кои се верува дека може да датираат уште од 3200 п.н.е. Сево ова има сериозно влијание врз потеклото на куглањето , спорт стар околу 5000 години. Вистината е дека овој спорт со тек на времето се менувал и во формата и во начинот, бил тежок за професионално следење поради менувањата на правилата.

Биле измислувани невообичаени начини на куглање и нивно бодирање. Оваа игра била најпопуларна во САД (со 9 кегли) , но за краток период била забранета поради незаконско обложување. Американците на некој начин зависни од играта, пронашле начин со кој би му пркоселе на законот за нејзино укинување, и додале кегла плус, и настанало денешното популарно кугларство во Америка со 10 кегли,кој го превзеле низа земји по светот. Но во Европа и Балканот сеуште се практикува игра со 9 кегли, различна од американската варијанта.

Во Македонија играта официјално постои од 1977 година со изградбата на кугланата Мусандра во ГТЦ. Kуглањето се игра со помош на кугла која треба да се упати до кеглитеза за да ги сруши. Целта е да се срушат сите девет или што повеќе. Куглите немаат различни тежини и големини како во американското куглање. Од опрема овој спорт бара само соодветни патики, со специјални ѓонови од гума, кои благо се лизгаат, и се безбедни за разлика од обичните патики кои можат да доведат до повреда. Стандардната кугла е тешка 2,85 килограми со дијаметар од 160 милиметри додека помладите категории користат помали кугли. Должината на патеката е долга 19,5 метри а широка 1,2 метри.

Куглањетово Македонија е реално спорт во кој се вложува многу малку, но истовремено спорт во кој се постигнати најголеми резултати. Во Македонија постои кугларска лига, освен во Скопје постои кугларски клуб во Битола, а постоеја и во Струга и Велес.

Една од најубавите кугларски приказни во Македонија, моментално е кугларскиот клуб Вардар 2014, со врвни резултати во македонската лига како и на меѓународните натпревари, и меѓународните турнири. Кога се спомене спортскиот бренд Вардар , потикнува голема емоција, жар и љубов, симбол на Македонскиот спорт и дефиниција за енормни победи на сите полиња, а последните 30 години и во куглањето. Како редок и малку застапен и непознат спорт во нашата држава, после згаснувањето на Кугларскиот Клуб Вардар во 2002 година како неколку кратен шампион на Македонија, група ентузијасти-куглари, одлучија да го воскреснат името Вардар во овој спорт, создавајќи го Кугларскиот Клуб Вардар 2014 Скопје .

Главни“ виновници” за создавање на оваа екипа е семејството Димитровски. Таткото Драги е многу квалитетна и позната личност во куглањето, некогашен репрезентативен тренер, а сегашен тренер на КК Вардар. Постариот син Димитар е најдобриот македонски куглар во изминатите 15 години, воедно и претседател на КК Вардар. Помладиот син Дарко, е исто така, повеќекратен првак со повеќе различни клубови и потпретседател на КК Вардар. Прва сезона во Македонската кугларска лига на новосоздадениот клуб е сезоната 2014/2015 .

Од голем придонес и значење се и останатите моментални членови кои се во КК Вардар од неговото основање: Миле Димковски – екс репрезентативец и капитен на КК Вардар, Коста Ристевски – коосновач на КК Вардар и многугодишен успешен куглар, Марјан Згонц – многугодишен успешен куглар, Влатко Стојановски – куглар со исклучителен квалитет и многу успеси во својата кариера. Сите овие имиња се носители – столбови на КК Вардар низ сите години досега.

Вардар како тим може да се гордее со многу успеси :

– 4x вице-шампион во Националната лига (2014/2015, 2015/2016, 2016/2017, 2017/2018)

– 2x победник на националниот куп (2015, 2017)

– 1x финалист на националниот куп (2016)

– 3х учества на меѓународни европски купови

– Организатор на моментално најсилниот интернационален кугларски турнир во Македонија – “8 Септември” на кој учествуваа нај елитни кугларски клубови од Балканот.

Блескавата иднина на нашите куглари од овој тим е веќе загарантирана. Нивната напорна работа и посветеност ги наградува со високи пласмани и успеси, со кои можеме да се гордееме и ние како држава. Семејството Димитровски се химната на Македонското куглање во моментов, како и други кугларски семејства во минатото. Нивната фамилијарна љубов се сведува на една страст –куглањето.

Ни преостанува да го бодриме нивниот талент и жар, нивната емоција и спортски дух.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Претседателот на Независни грци - Каменос ќе ја напушта владата на Ципрас
Следна објава Стартува 15-от Интернационален фолклорен фестивал во Велес
Може да Ве интересира:
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Забава

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

октомври 18th, 2022 657
Револт со нов видео спот за песната "Европа"
Забава

Револт со нов видео спот за песната "Европа"

септември 17th, 2022 564
Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...
Забава

Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...

септември 1st, 2022 612
Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022
Забава

Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022

август 29th, 2022 715
Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите
Магазин

Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите

август 9th, 2022 690
Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип
Забава

Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип

јули 31st, 2022 675
Ова ли е тоа "бекап на податоци"?
Магазин

Ова ли е тоа "бекап на податоци"?

јули 31st, 2022 674
Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година
Забава

Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година

јули 19th, 2022 605
Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор
Забава

Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор

јули 19th, 2022 699
Жена на денот
Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

1576
Маж на денот
Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

1965
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 778
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202236
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st, 202224
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.