Денес намерно отидов во блиската цвеќара преку улицата. Никогаш не бев влегла во овој дуќан претходно.
Тажно е што убавината на целата улица е заробена само во излогот на ова мало дуќанче. Одамна не го разбирав тврдоглавиот дух на сопственикот на цвеќарата, која откако паметам работи скромно без многу бизнис логика.
Со отварање на старата врата на дуќанот која цвили под теретот на времето како да сака да ги раскаже сите приказни на кои што има посведочено во минатото, лицето ми се нурнува во бескраен раскош на мириси од цвеќињата.
Грижливо дотерани на дрвените полици секој цвет наликува на една нераскажана приказна.
Колку ли само љубов доживеале овие цветови од нивното раќање па се до овиј величествен момент кој тежнее да биде заробен во моите очи?
Не знам дали да се насмевнам учтиво кон продавачката или да заплачам.
Во бурата од мисли кои во тој момент ми навјасаа низ свеста ми се појави страв од емоциите кои како морници ме полазија низ целото тело. На полицата со цветни аранжмани се наѕираше една осамена роза.
Колку пари чини?,
– ја прашав продавачката покажувајки кон розата.
Кревајки го погледот кон мене продавачката малку подзастана и рече: Ништо… една мала насмевка на твоето лице- толку треба да платиш.
Ја зедов во раце розата и набрзина излегов од дуќанчето….
Шетав долго време тоа попладне низ градот кој што во тие мигови ми се чинеше туѓ. Никогаш на ваков начин не го имав сватено овој мој град во кој имам пораснато…
Шетав по улиците на почетокот по малку несигурно се уште со мислите застаната во тоа мало дуќанче на крајот од улицата во моето маало. Пополека чекорите станаа посигурни, некако посмели… Чудна невообичаена возбуда како да почна да извира од моите гради, по што топлина полази по моит образи и чело…
Минувачите околу мислам дека почнаа само во мене да гледаат… или пак во црвената роза која беше вгнесдена во мојата рака…
Сигурно си мислат дека некој ми ја има подарено од љубов…
Ако, нека мислат дека и мене некој ме сака…
Автор: Фикција