• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Со новите даночни политики на Владата можно е пропаѓање на помалите банки во државата-Колумна на Александар Николоски

ноември 21st, 2018 Македонија коментари 793

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Привилегијата што ја имам секоја втора среда да се читаме на страниците на „Независен весник“ е секогаш предизвик да се напише нешто квалитетно, ново и што ќе продолжи да се коментира во деновите по објавата на текстот. Се случува да има недостиг на теми или темите да се веќе премногу коментирани во јавноста, па да нема ништо ново во нив. Овој пат се соочувам со обратното, има премногу теми, премногу случувања и човек просто да не знае која попрво да ја отвори. Но она што е заедничко за сите теми е што сè повеќе се продлабочува чувството меѓу голем број луѓе дека сме во средина на целосен хаос и неред без јасна визија за иднината.

Ова не е мое лично претерување, како што често тоа знаат да го направат политичари кога се во опозиција. Јас дури се трудам и да отстапам од тоа клише и не користам многу често изрази или теми кои сугерираат дека сè е лошо и ништо не оди напред. Тоа е позната игра на поставување на работите црно – бело, кога сте на власт сè е добро, кога сте во опозиција сè е црно. Тоа не е така! И само доведува до непотребна поларизација. Но изминативе неколку недели, за жал, се кулминација на чувството дека Македонија нема јасен правец и јасна иднина каде оди и затоа решив за тоа да пишувам.

Кога оваа влада беше формирана, имаше неколку основни постулати кои се сведуваа на подобар и посреден живот, а заеднички именител беше интеграцијата во НАТО и ЕУ преку промена на името. За нив промената на името беше магичното стапче што ќе ги реши сите проблеми. Народот поверува во тоа. А, очекуваше 500 евра просечна плата, правда за сите, подобро здравство, образование, социјална заштита и попријатен живот. Она што се случува е целосна спротивност на тоа, нема сегмент во кој не се оди назад, нема област во која нема целосно разочарување и фијаско. Така, повисока плата од 500 евра не се случи, ама затоа од 1 јануари ќе има нови даноци, кои иако преставени како данок за најбогатите ќе удрат по сите, затоа што скриените нови даноци кои власта ги крие ќе удрат на преку 40 проценти од населението во Македонија, а најмногу за жал на најмладите и најамбициозните.

За здравството, образованието и социјалата излишно е да се трошат зборови. Секој ден нова вест дека откажал некој апарат, дека болни нема каде да се лечат, дека заминува надвор од државата сè што е поспособно и постручно, и доктори и медицински сестри. А, ветувањата за големи инвестиции и плати од над 100.000 ден се само далечен сон. Образованието исто така тоне, нема јасен концепт кои гранки сакаме да ги развиваме и какви кадри сакаме Македонија да има. Така цел свет се труди да фати чекор со нови технологии, а во Македонија се прави обид да се умртви Универзитетот за информатички технологии и науки во Охрид, а на оние кои заработуваат од своите вештини и знаење – ИТ-инженери, програмери, фриленсери им се зголемува данокот од 10 на 18 проценти и дополнително им се става обврска да плаќаат ДДВ од 18 проценти. Резултатот од тоа е и овие млади амбициозни луѓе ја напуштаат државата. Во социјалата не сакам ни да зборувам за ударот кој го добиваат сите работодавачи зашто не можат да најдат работници, а во иднина ќе е сè потешко, затоа што Владата популистички ветува социјална помош на ниво на минимална плата. Па, се поставува логично прашање кој е тој што ќе сака да работи осум часа секој ден, кога со седење дома може да ги добие истите пари, а дополнително и на црно да сработи нешто и да има приход плус.

Овие политики водат само кон две нешта – иселување од државата и стимулирање на сивата економија. Двете погубни за иднината на Македонија.

Во делот на владеење на правото секој коментар е излишен. Вакво поигрување со правото и правдината немало ни во најцрните денови на комунизмот. Сите стравувања за кои алармиравме минатите месеци за жал се остваруваат – дека правото и правдината се само во функција на остварување на политички цели на СДСМ и власта.

Интеграцијата во ЕУ станува далечен сон. Сакам јавно да предупредам преку овие редови дека Македонија доколку продолжи со ова ниско ниво на реализирани реформи, за жал, и следната година во јуни нема да добие датум за почнување преговори за членство во ЕУ! Без разлика на промената на името, ниското ниво на реализација на реформи во моментов е главната кочница Македонија да оди напред кон ЕУ. Јас преку овој простор што го имам во „Независен весник“ и пролетта предупредував дека, дури и Владата и Заев да се согласат да го променат името, нема да добијат датум доколку не реализираат реформи и кажав дека процесот намерно се кочи за Македонија и Албанија да се во иста група. Тогаш ми беше одговарано дека е тоа научна фантастика, но, за жал, таа научна фантастика стана реалност веќе во јуни кога Заев потпиша промена на име ама не доби датум за преговори. Сакам да остане запишано дека седум месеци порано предупредувам дека ако продолжи вака Македонија со ниско ниво на реформи, иако со променето име во Северна, понижена и ставена на колена, пак нема да добие датум за почеток на преговори во јуни 2019. Ќе бидам најсреќен доколку владата и Заев ме демантираат со својата работа и ова не се случи. Тоа ќе е добро за Македонија. Но како што сега стојат работите – многу тешко!

Во истиов контекст на лоши предвидувања и апатија помеѓу народот би сакал да дадам уште едно предвидување кое се плашам дека ќе се реализира, а се надевам дека нема. Без разлика што Заев го менува името во Северна, економијата не само што не оди напред, туку назадува, фискалната дисциплина попушта и Заев заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски одат на навидум најлесниот но најопасен чекор, на зголемување даноци и воведување нови. Имено, со воведување на нов данок на каматите на депозитите во банки се очекува да се створи негативен ефект кај штедачите. Каматите на депозити особено ако се девизни и сега се многу ниски и се под еден процент, што не ја покрива ни годишната инфлација, ако на тоа сега се додаде и данокот од 15 проценти, како и нестабилната политичка состојба очекувано е голем дел од граѓаните да ги повлечат своите депозити од банките. Тоа е огромна закана за неколку помали банки кои можат да се соочат со сериозни проблеми во своето работење, па дури и банкрот, кој ако се случи ќе има несогледливи последици кон економијата. Јас не посакувам ова да се случи и затоа јавно апелирам до власта да го повлече својот предлог за зголемување на даноци и воведување нови. Доколку тоа не го направат ВМРО-ДПМНЕ по победата на следните парламентарни избори и формирањето влада, ќе ги укине на првата седница.

Затоа велам дека изминативе неколку недели, за жал, се кулминација на чувството дека Македонија нема јасен правец и јасна иднина каде оди. Ветувањата дека промената на името е магично стапче кое ќе реши сè, паѓаат и на крај ќе резултираат само со тоа да државата има ново име, но ништо да не се подобри, што дополнително ќе ги зголеми фрустрациите. Повикувам сериозно да се земат моите предвидувања и за ЕУ интеграциите и за состојба во финансискиот сектор. Ако гледаме само како опозиција, тоа ни одговара зашто побрзо и полесно и поубедливо ќе победиме на следните избори, но нашата примарна цел е благосостојбата на граѓаните на Македонија! Да се среќни и да си ја видат својата иднина овде !

Колумна на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Николоски

за порталот независен.мк

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава За роб кој не сака да си го промени името, за еден камшик и убедувачите од страна
Следна објава Amazing Grace отсвирена на шкотски гајди. Епско
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 564
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 542
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 533
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1193
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 512
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 595
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 321
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 404
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 560
Жена на денот
Интересни факти за  Џулија Робертс

Интересни факти за Џулија Робертс

681
Маж на денот
Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

1847
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4276
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење
Магазин

Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење

Јун 10th, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.