• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски личности

СПОМЕНИ НА ДАМЈАН ГРУЕВ: ФЕЉТОН ВО 6 ДЕЛА- ДЕЛ ПЕТТИ: Критичните моменти околу Илинденското востание

октомври 8th, 2019 Историски личности, Македонска бесмртност коментари 757

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
СПОМЕНИ НА ДАМЈАН ГРУЕВ: ФЕЉТОН ВО 6 ДЕЛА- ДЕЛ ПЕТТИ: Критичните моменти околу Илинденското востание

Груев, ослободен од заточение, се враќа во Солун. – Решението за востание и Гоце Делчев. – Првата средба на Груев со Б. Сарафов. – Груев на конгресот во Смилево. -Неговото учество во Илинденското востание. – По капитулацијата Груев останува во Битолско.

Ме пуштија пред Велигден во 1903 год. Се вратив во Солун, слободен. Затеков веќе примено решение за востанието. Гарванов беше претседател на Централниот комитет. Ми ги објаснија доводите, за да се прифати такво решение. За кревање на востанието се изјаснил и Чернопеев. Струмичкиот претставник бил за, одринскиот – исто така. Луѓето (гурбетчиите) веќе се беа вратиле од Цариград дома во Македонија – беше доцна веќе да се премислува. Во Солун дојде Делчев. Изнесува приговори. Главно сметаше дека серскиот округ е сосем без оружје. Ние го утешивме со ветување дека ќе ни биде доставено потребното оружје преку специјални добавувачи. За тоа ќе го испратиме Гочев, се надевавме дека пак направо по море ќе бидат дотерани пушки од Грција, сметавме на една набавка од 1000 пушки. Делчев се успокои. Тој тргна со намера да ја среди работата со канал за Св. Гора, од каде требаше да поминува оружјето за Серско, и после да се врати во Кукушко, каде некои се беа изјасниле за врховисти. За неговото убиство дознав во Смилево, на конгресот. Јас тргнав едно два дена по заминувањето на Делчев, и се задржав во Битола едно два дена. Делчев бил поткажан во Брод и од касиерот.

На конгресот ја прикажав положбата онаква каква што е: сметав за безумно да се премолчува дека некои реони воопшто не се подготвени, и дека нема да земат учество. Со Сарафов се сретнав за првпат во Смилево дома кај мене. На конгресот Сарафов беше категорички за акции.

Имаше мислење порано да се започне со востанието. Не верувавме дека Турците ќе се решат да прибегнат до толкава жестокост, сосем да го сотираат населението. Сарафов во доверба кажуваше дека некој министер рекол оти ако бидеме во состојба да задржиме 60.000 турска војска, Бугарија ќе се смешала. И јас најпосле допуштив дека може да дојде до тоа. Конгресот ме избра за член на Генералштабот на битолскиот вилает, заедно со Сарафов и Лозанчев.

Пред да се разгори востанието ги обиколивме Охридско, Демирхисар, Костурско. Кога се прогласи востанието, и тројцата бевме во Смилево. Началник на реонот беше Сугарев. Во селото имаше аскер 60 мина. Во време на „дова-та ги нападнавме. Селаните од куќите на пусии, а Турците настапуваа во параден строј – паднаа околу 30 мина. Другите влегоа во училиштето и во нивната зграда. Битката заврши неуспешно за нас. Ние се наоѓавме во планината. Слегнавме, им се приклучивме на селаните, бевме сe на сe до 200 мина. Турците се беа утврдиле во училиштето, што беше камена зграда, така што ништо не можеше да се стори. Цела ноќ продолжи престрелката. Во текот на ноќта запаливме една просторија, во која тие имаа склад со патрони и др., внатре имаше и аскер, та некои изгореа живи. Се обидовме со динамит да ги кренеме другите згради, но не успеавме. Утредента, на 21 јули, попладнето пристигна на помош друг аскер. Ние дадовме заповед за повлекување на нашата претходница пред селото, селската чета, што беше распоредена таму, не го беше добила тоа известување. Една друга чета го пречекува аскерот, пааѓаат десетина Турци и еден јузбашија, а од нашите -еден комита. Четата беше на Стојан Донски, тоа беше смилевска чета. Кога четата отстапила, аскерот се доближува до четата што беше претходница; оваа отвора оган, убива 2-3 Турци, и аскерот се повлекува назад и се распоредува горе во планината на оддалеченост од околу 1 час. Ние бевме од другата страна на шумата. Оние Турци во селото остануваат затворени, а некои од селаните си биле по куќите. Претходницата, откако гледа дека сите се повлекле, и таа се повлекува – и на третиот ден аскерот непречено влегува во селото, ги ослободува своите другари Турци и тогаш запалува 30 куќи. Сите селани беа незадоволни од тоа отстапување, што беше заповедано од штабот. Селаните, кога го видоа чадот од запалените куќи, почнуваат да се приближуваат кон селото. Турската војска помислила дека ќе биде нападната од нив, се втурнува во бегство, оставајќи торби и други работи, а селаните влетуваат и го згаснуваат огнот.

Утредента ние определивме пак една патрола да отиде да ја заземе вишнатината „Ѓорев гроб“. На излегување од селото патролата здогледува како по патот доаѓа војска од Приблци. Четата ја водеше Донски (15 мина); доаѓа до престрелка. Се стрчавме и ние на помош, ги заобиколуваме од десното крило Турците, и тие се разбегнуваат, оставајќи си ги коњите. Потоа фативме да копаме ровови околу селото. Стојков беше специјалист. Убаво се копаше трапот. На највисоката чука се појавија Турци, но тие се исплашиле, бидејќи си помислиле оти сме многу и сме се утврдиле. Аскерот се врати во Битола без да испука ниеден истрел.

До 14 август бевме спокојни. Сарафов се оддели и отиде во Демирхисарско. На 14 август дојдоа 9 табура војска по 600 до 800 мина. Се биевме цел ден, насекаде зазедовме позиции. Раководевме јас и Сугарев. Турците извршија напад со артилерија. До 10 часот попладне (сиреч 4.) паднаа 32-33 комити. Имаше загинати и Турци. Потем јузбашијата (бинбашијата) кажувал оти загинале 100 мина. Тогаш почна повлекувањето на четите. Дел од нив останавме во шумата над селото. Јас бев таму. Сугарев отиде во Ресенско. Пред да се смрачи Турците влегоа во селото, околу 12 часот. Но еден дел од аскерот беше влегол во селото уште на пладне. Веднаш фатија да ги палат куќите. До вечерта пламна сето село. Сето население беше во шумата, со еден дел од четите. Турците наоколу веќе ги опколија четите. Во селото останаа само неколкумина старци, немоќни, што ги потепаа. И во збегот (логорот) во шумата беа убиени околу 40 мина од двата пола, што на поотворени места беа погодени од куршуми. Самите тие, од страв, се изложиле на отворено. Во текот на ноќта еден број од мажите се пробивме низ турскиот обрач во планината, и поминавме во соседната шума. Жените, децата и старците останаа во шумата под селото. Утредента им побараа теслим на семејствата, и тие се прибраа во селото. При предавањето немало насилства. Првиот ден некои жени со деца, довтасани, биле натепани, па и силувани. Селаните влегоа во селото што беше изгорено. Војската остана на вишнатините околу селото уште три дена. Војската го продолжи својот пат натаму по билото на Бигла и се најде во Демир Хисар. Ние се вративме назад, во Смилевско. Ноќно време слегнувавме и во селото. Имавме прибрани храна и облека во шумата, па тоа се спаси. Околу 50 семејства останаа сосем без облека.

По капитулацијата поголем број од двата пола (околу 300 мажи) со исклучок на вооружените востаници, се прибраа во Битола. Не сакале да ги пуштат во градот, но тие најпосле успеале да влезат. Таму се сместиле делумно и во свои куќи. Потем во текот на септември се собравме сите – и Лозанчев и Борис – во селото, каде пак дојде војска. Ние излеговме горе на билото на планината; бевме 150-160 мина, зазедовме позиции за борба. Забележавме дека и од други две страни надоаѓаат војски. Ние се концентриравме во центарот. Се отвори оган од крилата. Крилата отстапија. Центарот по неколку истрела повторно отстапува кон гората. Со десното крило, каде беа селаните се разгоре битка; загинаа наши 4 мина. Борбата траеше до 3-4 часот попладне. Во текот на ноќта војските се распоредија долу, во котлината, а дел од нив горе, по билото. Од четите дел од нив заминаа накај Горни Демир Хисар, а ние се вративме во Смилевско (борбата се одвиваше на боишкоцеровскиот синор). Војската го продолжи патот за Горни Демир Хисар. Сарафов беше со мене. Тогаш се разделивме. Јас предложив да отидам во Леринско, но и тој го сакаше истото тоа. Борис се искажа ,дека е решен да си замине во Бугарија, и се упати преку Преспанско-Леринско. Со него тргнаа и некои од неговите луѓе, па и други.

По заминувањето на Сарафов, стапи во сила општото решение за запирање на борбените дејства. Складиравме околу 400 пушки. Отидов да ги надгледам другите реони, сите во Битолско. Помошните мисии на Англичаните донесоа малку утеха и успокојување. Од друга страна гласовите за реформите не охрабрија донекаде.

Продолжува…

https://bregalnicki.mk/spomeni-na-dam-an-gruev-fe-ton-vo-6-dela-del-chetvrtti-prosvetna-agitaci-a-niz-makedoni-a/

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Добротворност обвиткана со достоинство
Следна објава Заклетвата на Волците
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 534
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 890
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 918
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 568
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 571
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 800
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 588
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1008
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 539
Жена на денот
Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

631
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

1897
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Неделни топ 5 на Брегалнички
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 2022 588
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202125
Откако Благој Бочварски избега од градоначалничката функција во Штип, остави огромни проблеми кои денес се решаваат
Регион

Откако Благој Бочварски избега од градоначалничката функција во Штип, остави огромни проблеми кои денес се решаваат

Авг 12th, 202219
Досега најсилна листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево
Македонија

Досега најсилна листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево

Сеп 20th, 201718
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.