Претставниците на најголемиот број на здруженијата на Македонците во Швајцарија вчера одржаа Собрание на кое се донесе Статутот на Македонскиот национален совет.
Припадниците на Македонската дијаспора од Форумот на Македонските друштва, Заедницата на Македонските друштва заедно со трите црковни општини во Швајцарија, на тој начин се обединуваат под една заедничка организација во Македонскиот национален совет за поефикасно идно делување и остварување на интересите на нашинците во Швајцарија и во Европа.
На Собранието беше конституирано и привременото раководство на новата организација.


