Денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поддржани од над 100 000 Македонски граѓани го поднесоа Предлог-Законот за престанување на важењето на Законот за попис кој што парламентарното мнозинство кое ја гласаше владата на Зоран Заев и Али Ахмети го изгласа по скратена постапка без прифаќање на амандманите на опозицијата.
Иванка Василевска од пратеничката група на ВМРО -ДПМНЕ пред јавноста ја објави оваа иницијатива со која како опозициска партија ќе се борат против штетната намера на власта да спроведе партиско-политички попис кој служи единствено за одржување на коалицијата Заев-Ахмети на власт.
” Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, поттикнати од огромната поддршка од граѓаните, но и од нашата борба против ваков фингиран попис, го поднесовме овој Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за попис и бараме закажување на итна и неодложна седница на Собранието на Република Македонија на која што ќе се изгласа овој Предлог на закон и ќе се стопира овој политички попис и оваа национална катастрофа во најава,”
– изјави на денешната прес-конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска.