• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност

Воскресна славата на Македонските синови “На Ножот” каде денеска вриеше од Македонски патриоти… Повеќе не е тивко таму

јули 11th, 2021 Македонска бесмртност коментари 2973

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Воскресна славата на Македонските синови “На Ножот” каде денеска вриеше од Македонски патриоти… Повеќе не е тивко таму

Денеска кај месноста Ножот која како карпест нож ја сече планината над селото Никодим вриеше од Македонски родољуби и патриоти. Денеска на ова херојско место се одбележа годишнината од најголемата битка на Македонската револуционерна организација по Илинденското востание. Херојската битка “На ножот” се случила на 14 јули 1907 година по претходно неколкудневно распоредување на чети на прилепскиот окружен комитет на Внатрешната Македонска револуционерна организација како одговор на организацијата на српските пропаганди кои земале се посилен замав во овој дел на Македонија, под чиј удар страдало месното население.

Денеска “На Ножот” гласно се чествуваше личната саможртва на македонските синови кои што одбија да се повлечат пред налетот на отоманската војска и ги натопија падините на планината со својата врела крв.

Четата на Тане Николов

Многу историски текстови, литературни и музички творби се посветени на оваа речиси митолошка случка од крвавата и револуционерна борба на Македонскиот народ.

Четата на Христо Цветков

Токму овој и сличните вакви историски настани сведочат за непобедениот дух на нашиот народ, кој опстојувал секогаш низ историјата, дури и во најтешките времиња. Херојството, непрекинатата борба, доследноста на идеите за слобода или смрт, опстанале токму поради овие луѓе и сличните на нив кои животот го положиле за слободата на својот народ и со својата крв ги полеале падините на пространите планински масиви од чии што изворишта потекле слободарски реки за сите идни времиња.

Во деновите пред легендарната битка во потесниот регион биле концентрирани околу 150-тина комити на организацијата.

Кога надлежните начелства и војводите одговорни за акцијата на обединетите чети на ВМОРО против српската пропаганда во регионот на Мариовско ја увиделе опасноста од надоаѓањето на турскиот аскер издале наредба преку своите курири за групно повлекување на распоредените чети на Никодимската висорамнина.

Тогаш 19 годишниот Атанас Шестов кој привремено командувал со четата преку курирот порачал до војводите:

Ќе им кажете на војводите дека Костурчани го сметаат решението на војводскиот совет необврзувачко за нив. Таа заповед ја наоѓаме за неумесна и нереволуционерна. Опкружени сме од оган, гориме и сме дошле да изгориме. Сакаме да умреме со достоинство. Кажете им на војводите дека нашето решение е неповратно. Друга позиција нема да бараме. Ќе останеме на Ножот.

Во овие зборови е содржана суштината на Македонската револуционерна борба на сите оние кои ја положиле светата заклетва “Слобода или смрт”.

Во битката кај “Ножот” згаснале животите на вкупно 67 комити од четите на војводата Атанас Попов и Трендафил Думбалаков од кои 45 на самиот врв “Ножот” во херојска маченичка смрт гради во гради со Енвер Бег а останатите во спорадични престрелки околу планината: 10 се убиени во подножјето на планината Асенова глава, 6 лица паѓаат при повлекувањето од врвот, 1 е убиен на Мирчовата ледина, 4 комити се опколени во една плевна – двајцата се убиени, а другите двајца (повредени од претходниот ден) се изгорени живи, еден фатен комита е обесен по два дена во Велес

Атанас Попов (Шестеово, костурско),

Милан Петров (Топличанец од Топлица),

Димко Јованов – Газдата (Прилеп),

Трендафил Думбалаков (с. Сухo, солунско),

Трендафил Думбалаков

Најдо Андреев Арсовски (Папрадишта, велешко) и

Петко Којчев (Панаѓуриште),

Дочев Тодор Т. Чалницки,

Тане Николов од Хасково,

Владимир Куртев од Плевен,

Константин Ќуркчиев од Преколница, Кустендилско,

Михал Ѓуров, Кочо Славов, Петко Буналов и Димитар Дојчинов од Стара Загора,

Никола Василев и Георги Дочев од Казанлак,

Никола Болгуров, Костантин Аврамов и Никола Пенев од Чирпан,

Петко Д. Бојчев, Тоњо Желев и Неделчо Монев од с. Свобода, Старозагорско, Никола Тенев от Крнча и Кољо Тенев од с. Љубенова маала

-се дел од имињата на хериоте кои загинаа во една од најлегендарните битки на Македонскиот народ во историјата. Имињата на останатите загинати се непознати.

По заземањето на Ножот, Турците се изживуваат врз загинатите комити, но Енвер бег го запира сето тоа и наредува почесен закоп во чест на храбрите борци. Телата на комитите по негова наредба се закопани во близина на врвот од локалните селани. Поради каменестата почва и недостатокот на земја тие се затрупани со камења и долго потоа делови од телата на комитите се разнасувани низ околината од диви животни и кучиња.

Вечна им слава на загинатите комити а невното херојско дело уште многу да биде светол патоказ за непрекинатата борба за слобода за Македонија.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Градоначалникот на Делчево лажеше јавно на отворена сцена за да си ја спаси фотелјата
Следна објава Вие го избравте Џокерот, не народот, не Европа, не Америка. Вие гласавте на избори за Џокерот
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 545
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 901
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 929
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 576
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 583
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 807
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 592
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1020
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 544
Жена на денот
Шилоу Џоли Пит се повеќе се навикнува на телевизиските камери

Шилоу Џоли Пит се повеќе се навикнува на телевизиските камери

698
Маж на денот
Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

3055
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4276
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење
Магазин

Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење

Јун 10th, 201919
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.