“Џокерот, нема да бара одговорност за прекршен уставен поредок! Молчите? Што е важно, си кажувате? Голема работа, одмавнувате и заминувате. Утре ќе одите на митинг? Џокерот ќе кажува смешки, вие ќе се смеете. Убаво ќе си поминете. Супер, џокерот ќе ве забавува летово и есенва. Ќе збори глупости на смешен начин. Кампања е. Избори. Што е важно што зборува? Или што прави? Важно е да ви тече платичката. Да се вработи синчето или ќеркичката. Да се земе проектче. Да се фати бизнисче. Ние да преживееме. Џокерот нека си зборува што сака. И кога ќе ве смачкат на пешачки, вас или вашите најмили, кога ќе ве осудат неправедно, кога ќе ве избркат од работа незаконски, кога ќе дојдат еден ден оние другите да ви се светат и реванишираат, кога ќе ве остават на улица, кога синот и ќерката ќе си заминат од Македонија затоа што тука повеќе не се живее, и кога на смртна постела ќе останете сами и нема да има кој да ви подаде чаша вода, кога ќе нема ниту поп да ви отпее молитва и да ви прости за гревовите, е тогаш сетете се на Џокерот!
Сетете се дека денеска Џокерот не бара одговорност за уставот, утре некој друг Џокер нема да бара за законот, задутре за правилникот а на крајот никој нема да има одговорност ниту за вашиот живот.
Тогаш не колнете го Бог, ниту државата, ниту народот, колнете се себе си! Не кажувајте тогаш: ние не знаевме, Европа го подржуваше, Америка го избра! Ние сме невини.
Не, не, не. Вие знаевте се. Ви кажавме. Вие го подржувавте. Вие го избравте Џокерот, не народот, не Европа, не Америка. Вие гласавте на избори за Џокерот. Вие гласавте на референдум за Џокерот. Вие го гласавте на партиски избори, со избирачки список, еден по еден, доброволно, сами, сте се потпишале под своето име. Своерачно. Списоците стојат. И вие во нив. Засекогаш. Кога и да е тој ден, ќе се отворат тие списоци.
Ние не сме Џокерот. Вие сте Џокерот. Ние немаме ништо со тоа. Освен невољата што ја трпиме секој ден заради вашите деца, заради вашата работичка, заради вашата платичка, заради вашето проектче, заради вашето бизнисче, заради вашето положениенце денес, ќе плачете утре. Горки солзи ќе леете.
Е тој ден, тогаш сетете се на Џокерот, и смејте се! И речете си: Џокер е, смешко, баш е будала!”
Фејсбук коментар на Јани Бојаџи