Парите како основен платежен систем еволуирале пред неколку векови. Сите економски системи во светот – социјализмот, комунизмот, фашизмот, па дури и да ја надминале слободната иницијатива – овековечат социјалната еволуција, национализам и расизам,примарно сe базирани на економски разлики.Во фундаменталната дефиниција на слободната и отворена пазарна економија стои дека се додека еден општествен систем користи пари или методологија на размена на стоки, луѓето и нациите ќе се обидуваат да го задржат економскиот натпреварувачки дух, за напредок на целокупното општество во целост, движејки се кон прогрес и позитивни промени. Ние денеска сè уште ги користиме истите овие застарени методи.S
Факт е дека нашиот актуелен светски монетарeн систем не е способен за обезбедување на висок стандард на живеење за сите, ниту пак може да се обезбеди заштита на животната средина, бидејќи најголем мотив во суштина на сите современи државни системи е профитот, а не грижата за вистинските придобивки кои може да ги понуди животот како таков. Неопходни се нови стратегии за контрола на парите, и промена од корен на капитализмот кој се надеваме дека ни е познат во целост. Со доаѓањето на автоматизацијата, сајбернацијатa, вештачката интелигенција , развојот на компјутерските технологии со вртоглава брзина, ќе има постојано зголемување на замена на луѓе од страна на машини во работниот и произвотствениот процес, со дрстично намалување на живата работна рака. Како резултат на тоа, многу малку луѓе ќе можат да купуваат стоки и услуги и покрај способноста на општеството да произведува во изобилство, ќе продолжи да се зголемува јазот на разлики помегу различните економски фактори, како и различните имотни слоеви во општеството и помеѓу народот.
Нашите сегашни, политички и економски застарени системи не можат да се применуваат со интензитет на вистинска корист на иновативната технологија, денес за постигнување на најголемо оптимално добро за сите луѓе, и за надминување на нерамноправностa помеѓу луѓето. Светската технологија е многу напред и зазема се поголем замав за во блиска иднина, но нашите општествени економски дизајни останаa релативно застарени и конвенционални. Со други зборови економската промена и диспаритетен економски развој не е во чекор со технолошките промени, во глобалните светски трендови.
Дали парите како реалност во сегашноста се пред прагот на криза во времињата, што следат? Секако во било која форма и облик на манифестација, во суштината која им беше доделена и егзистираше како таква со векови наназад во историјата.И во најкрајна линија дали економските системи се поставени на реално здрави основи за да се соочат со предизвикот на иднината “обременет” со силен инпут и доминација на високата технологија и дигитализација.
За жал, денес од друга страна пак, науката и технологијата сe пренасочени од постигнување на најголемото оптимално добро за човештвото кон сопствените интереси и парцијален развој на сопствените можности и придобивки. Постои реален монопол на технологијата над општиот развој во целост, само во поедини слоеви од човечкото општествување. На пример, американското Министерство за земјоделство, чија функција се претпоставува дека е спроведување на истражување во начините за постигнување на повисоки приноси , а всушност индиректно ги плаќа земјоделците да не произведуваат сo полн капацитет, под изговор на намалување на цената на основниот производ кој го произведуваат.
Во денешната констелација на сваќање на нештата е логично толкувањето дека колку повеке производи на пазарот има толку помала цена истите добиваат, со што го загрозуваат монетарниот систем и “обезвреднување” на пазарот на пари и стоки.За таа цел се реагира интервентно во произвотствениот процес кој иако начелно е дизајниран за поголеми приноси, во суштина призведува недоволно, во светски рамки. Овој факт дејствува поразително и дволично кон таканаречените земји од третиот свет, кои живеат под прагот на светскиот просек наработ на егзистенцијата со глад, беда и сиромаштија. На тој начин скроениот монетарен систем во светски рамки ја овозможува драстичната разлика во стандарди на животот на луѓето.
Автор: Кирчо Анастасов