• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна
Анализа

Западот: време е за решавање на македонското и на српското прашање на Балканот

јуни 20th, 2022 Анализа, Колумна коментари 517

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Западот: време е за решавање на македонското и на српското прашање на Балканот

На брдовитиот, преубав и неспокоен Балкан повторно дуваат ветровите на нестабилност кои што можат да доведат до турбуленции. Според Брисел и Вашингтон, како резултат на војната во Украина, дојдено е времето за затворање на нерешените прашања на Балканот. ЕУ со помош на САД се надева да стави крај на македонското и српското прашање, не штета на Македонија и на Србија, а во корист на Бугарија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Но обидот за решавање на овие две прашања по секоја цена и на штета на македонскиот и на српскиот народ може да доведе до нови проблеми и повторно отворање на пандорината кутија на Балканот.

 Западот сака по секоја цена да го интегрира Западен Балкан во евроатланските структури, се со цел да не дозволи продор на Кина, Русија и на Турција на Балканот. За Западот и за ЕУ, Балканот повторно е на линијата на огнот во геополитичката битка помеѓу Истокот и Западот, и поради тоа потребно е сега и веднаш да се решат сите проблеми на Балканот, кој што ЕУ го смета за свој двор. Во брзањето да го стори тоа, Западот е на пат да направи грешки со несогледливи последици, кои ќе се одразат на целиот Балкан.

Во однос на македонското прашање, Западот стои зад Бугарија и нејзините неразумни барања во однос на Македонија, за давање на датум за почеток на преговорите со ЕУ. И покрај сите жртви и остапки кои што Македонија ги направи во последните 30 години на штета на Македонија, како што се промената на името, на знамето, Охридскиот и Мајскиот договор, многукратното отворање и промена на Уставот, не се гледа крајот на вечниот пат на Макдонија кон ЕУ. Последниот предлог од Франција за решавање на проблемот помеѓу Бугарија и Македонија директно е на штета на Македонија и на македонскиот народ. И ќе се најде ли политичар во Македонија со достоинство да и каже на ЕУ и на Западот Доста е, Македонија даде премногу жртви и остапки, а од ЕУ не доби ништо. Погрешната политика и стратегија на Западот во однос на Македонија води до пораст на евроскептицизмот, и од ден на ден се повеќе граѓани на Македонија се против влегувањето во ЕУ, за сметка на прифаќање на барањата на Бугарија. И наместо надевањето и слепата верба дека влезот во ЕУ ќе ги реши сите проблеми на Македонија, време е новата влада да се зафати со реални и структурни реформи.

Покрај затворањето и решавањето на македонското прашање, за Западот од посебно важност е затворањето на српското прашање, на штета на Србија. Западот смета дека Србија е бунтовник, кој што тесно соработува со Русија и со Кина, и на тој начин Србија ги минира сите планови на Западот на Балканот. Како резултат на тоа, време е Србија да се казни, и да се затвори српското прашање. Пред Белград е поставен јасен ултиматум, признавање на Косово и Метохија, откажување од Република Српска, зголемување на правата на малцинствата во Србија, откажување од Српската православна црква во Црна Гора и на Косово и Метохија, како и ставање на санкции на Русија и прекинување на соработката со Русија и со НР Кина. Официјален Белград, за разлика од Скопје, го одби овој ултиматум од Западот. Како и многупати низ историјата, Белград покажа дека со него не може да се разговара со ултиматуми. Мнозинството граѓани на Србија веќе отворено се против влегувањето на Србија во ЕУ, доколку цената која што Србија треба да ја плати е признавање на Косово, откажување од Република Српска, како и ставање на санкции на Русија и откажување од соработката со Русија и со НР Кина.

Јасно е дека Западот е цврсто решен во своите намери да ги затвори овие две прашања на Балканот по секоја цена, на штета на Македонија и на Србија. Но во воздухот виси дилемата, дали доколку Западот на овој начин го пресече Гордиевиот јазол на Балканот, истиот тој нема да доведе до отворање на Пандорината кутија како многупати низ историјата. Останува времето да покаже.

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар


  • Ознаки
  • Балкан
  • Дарко Тодоровски
  • Македонија
  • Србија

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Добредојде во Македонијан за финската премиерка Сана Марин од премиерот Ковачевски
Следна објава Ударни вести од Собрание: власта го одби амандманот за зголемување на платите во јавниот сектор за 2.800 денари по вработен
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 618
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 633
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 617
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 602
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 531
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 970
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 616
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 756
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 798
Жена на денот
Хелен Мирен - живејте го животот без грижи

Хелен Мирен - живејте го животот без грижи

1229
Маж на денот
Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

2205
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1483
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201819
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.