Здравјето пред сè!“, беше реченицата која што ја кажав во моментите кога се постави прашањето за сите важни политички случувања во државата, а Владата кон ова се однесуваше како чиста флоскула.
Оттогаш, сите ние станавме заложници на лудоста на Зоран Заев за избори и тесен пораз, личните амбиции на Спасовски и преголемата желба за ПИ-АР на останатите министри.
Многу сум разочаран од Комисијата за заразни болести и нивните проценки бидејќи се покажа дека тие се водат по Заевиот диктат.
Треба да се формира тело од непартиски професионалци кои ќе се водат исклучиво од здравствените интереси на граѓаните. Народот не може да биде виновен, туку лошо водениот систем.


