„Вондер Вуман“ (Wonder Woman) е филм кој стана инспирација на сите жени кои се воодушевија од храбриот, силниот и непобедлив женски лик кој може да им послужи како пример за соочување со реалноста.
Чудесната и неверојатна Гал Гадот , многу добро знае која е, за што точно се бори и не прифаќа ништо помалку од она што го заслужува. Тоа е нешто што многу девојки го забораваат во денешно време, па затоа ова е филм кој ќе ги мотивира и инспирира да почнат да се почитуваат и да се борат за себеси.
Моќната Дијана не само што ќе ви ја зголеми самодовербата, ве исполни со позитивен и борбен дух, туку и ќе ви даде надеж за реалните ситуации . Прочитајте ги следниве цитати од Вондер Вуман и почнете да се борите како суперхеројка.

- За потрагата по луѓето кои ве заслужуваат
„Бидете внимателни со луѓето. Тие не ве заслужуваат.“
- За одбраната на светот
„Ако никој друг нема да го брани светот, тогаш јас ќе морам да го сторам тоа.“
- За доброто и злото
„Порано сакав да го спасам светот, да им ставам крај на војните и да му подарам мир на човештвото. Но, тогаш ја забележав темнината што живее во неговата светлина. Научив дека во секој човек постојат и двете. Секој мора сам да го направи својот избор и тоа е нешто што ниту еден херој не може да го победи.“
- За вербата во љубовта
„Важно е тоа во кое верувате. А јас верувам во љубов. Само љубовта може навистина да го спаси светот.“
- За борбата за другите
„Ќе се борам за оние кои не можат да се борат самите.“
- За значењето на мажите
„Кога станува збор за размножување, мажите се од големо значење, но не се потребни за доживување задоволство.“
- За должноста во животот
„Наша света должност е да го одбраниме светот.“
- За борбата
„Борењето нема да ве направи херои.“
- За ветувањата
„Договорот е ветување, а ветувањето е некршливо.“
- За личните битки
„Сите водат свои сопствени битки исто како што вие ги водите вашите.“
