• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Знаеш дека е време за протест на улица кога премиер тужи политички противник за искажан политички став

септември 24th, 2020 Колумна коментари 799

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Знаеш дека е време за протест на улица кога премиер тужи политички противник за искажан политички став

Затоа што утре тоа можам да бидам јас, тоа можеш да бидеш ти, тоа може да биде секој граѓанин под прангите на овој хибриден режим докажан и признаен од извештаите на Фридом Хаус и угледниот Економист.

Хибридниот режим нанесува најмногу штета кога е во налет на неговата пропаст која е се поизгледна. Вештачкото држење на власта во Република Македонија од страна на Зоран Заев и неговата клиентелистичка група околу него е пред колапс. Тоа го знае Зоран Заев тоа го знаат и неговите покровители и спонзори. Парламентарното мнозинство дише на жабри! Државата тоне по сите параметри, здравството колабрира, економијата е веќе колабрирана а Македонија е изолирана држава повеќе од било кога. Слободниот проток на луѓе и економски добра е невозможен. Затворени сме како во конзерви зад границите кои што ветуваат дека ќе ги заменат со оние европските.

Оттука во одржувањето на оваа власт на “шкрги”, Зоран Заев прибегнува кон единствените методи кои што нему му се својствени а тоа е политички прогон и политички ликвидации на неговите опоненти. Помогнат од партиските медиумски мегафони на СДСМ, политичкиот терор на пресметка со неистомислениците секојдневно завзема се поголем замав.

И секако ударот на хибридниот режим е најсилен онаму од каде што доаѓа најголемата опасност за неговиот опстанок. Штом може Зоран Заев да тужи Потпретседател на опозициска партија, пораката е дека Зоран Заев и неговиот клиентелистички хибриден режим може да тужи секого во државата кој се спротивставува на неговото штетно владеење.

Зоран Заев во својство на премиер (читај најмоќниот човек во државата) својот топуз го насочи против Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Во тужбата за клевета за искажан политички став против Николоски, Зоран Заев не понуди во јавност контра аргументи со кои што би ја докажал својата “невиност” преку демант, наместо тоа прибегна да се крие зад партизираниот судски систем од каде сака да ја манифестира својата волја врз еден од предводниците на актуелната пресметка против мафијата на власта.

Наместо судско-обвинителскиот систем да го расчисти случајот “рекет” до крај инсталации на овој систем им судат на луѓето кои што изнесуваа аргументи, ставови и тези за да помогнат да се расветли овој најголем корупциски случај во историјата на современа Македонија.

Во ваковиот забревтан од паника коњанички поход на Зоран Заев против ставовите на Александар Николоски, премиерот како свој “јавач на апокалипсата” го има ангажирано еден од најскапо платените адвокати во државата за кој што опозицијата исто така во јавноста критикуваше дека е дел од непотистичка мрежа во судско-обвинителскиот систем.

Наспроти ваквата наезда на политичка пресметка покрената од Зоран Заев, Александар Николоски пред македонските судски органи се брани сам “вооружен” единствено со вистината и своите аргументи.

Утринава на закажаното судско рочиште Зоран Заев не се појави лично (веројатно од страв од незгодни прашања од новинарите) криејки се во премиерската фотелја а наместо него на рочиштето се појави неговиот адвокат. “Ликот и делото” на Зоран Заев мора да останат недирнати. Елитизмот е незгодна работа кога достигнува нови граници во битието на оние што се декларираат како соција-демократи.

На судењето Александар Николоски побара во доказите на судската постапка да влезе и изјавата на веќе осудениот Бојан Јовановски кој во рамки на процесот на негово судење изјави: „Парите од рекетот барајте ги кај Вице и Зоран Заев”.

Исто така тужениот Александар Николоски побара да се земе во целост неговата изјава за која Заев покрена тужба, а не селективно, додавајќи дека до судот е доставен само оној дел кој веројатно му одговара на тужителот.

Николоски побара и Заев како тужител да биде испрашан од страна на судот.

https://www.facebook.com/watch/?v=739646073282068&extid=l5pE1mWadygQfhQo

Рочиштето за овој процес со кој што Зоран Заев бара отштета од 60.000 денари од Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ заради неговот искажан политички став е одложено за 20 ноември оваа година.

П.С. Македонија има избор! Наместо прогон на политички неистомисленици и жестока пресметка со нив, Македонија треба да се насочи кон создавање на нови вредности со кои што сите заедно ќе ја извадиме држава од калта во која длабоко е потоната. Хмммм… Развој! Што беше тоа?

Пишува: Кирчо Анастасов.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава За маските на отворено
Следна објава ЗЛОСТОРСТВО И КАЗНА
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 508
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 516
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 506
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 496
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 422
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 825
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 531
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 662
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 642
Жена на денот
Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

1184
Маж на денот
Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

1869
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Неделни топ 5 на Брегалнички
Хорор во с.Желино (Тетовско)- Татко го пpoбoдел синот со нoж
Македонија

Хорор во с.Желино (Тетовско)- Татко го пpoбoдел синот со нoж

Јул 1st, 2019 992
Ќулавковa -  “Македонскиот идентитет ни го забетонираа онака како што некогаш во мостовите заѕидувале жива жена – доилка”
Македонија

Ќулавковa - “Македонскиот идентитет ни го забетонираа онака како што некогаш во мостовите заѕидувале жива жена – доилка”

Мај 9th, 201930
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Билјана Змејковска: Во чест на четирите свети букви ВМРО
Македонија

Билјана Змејковска: Во чест на четирите свети букви ВМРО

Јун 16th, 202119
Наќе Чулев: Голема благодарност за сите колеги-полицајци кои даваат огромен допринос за превенција на поголема криза
Македонија

Наќе Чулев: Голема благодарност за сите колеги-полицајци кои даваат огромен допринос за превенција на поголема криза

Мар 16th, 202019
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.