• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Магазин

Знаете ли да уживате во празниците? – Дознајте откако ќе го решите овој тест

декември 19th, 2019 Магазин коментари 744

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Знаете ли да уживате во празниците? – Дознајте откако ќе го решите овој тест

Што би не расонило од убав сон во ова декемвриско утро а да ни е забавно?! Тестовите се секогаш чист погодок, забава и проверка на себеси.  Празниците секогаш не исполнуваат и носат голема радост, но од друга страна, подготовките за некои луѓе може да бидат многу стресни. Јадења и колачи, барањето подароци кои одговараат и долгите редови во продавниците, може да го намалат расположението. Решете го овој тест и откријте дали знаете да уживате во празниците или поради нив сте нервозни и напнати.

1. Кога купувате новогодишни и божиќни подароци?

а) Во текот на целата година.

б) Во почетокот на декември.

в) Секогаш во последен момент.

2. Подготвувањето на божиќниот ручек го сметате за…

а) Идеална прилика да се покажете како одлични домаќини.

б) Напорна обврска од која со задоволство би се откажале.

в) Вистински предизвик за некој како вас кој воопшто не е подготвен да поминува повеќе време во кујната.

3. Вашата најголема желба е…

а) Да ги направите среќни вашето семејство и пријателите.

б) Да бидете успешни на работа.

в) Следниот годишен одмор да го поминете на пуст остров и долго да се излежувате на сонце.

4. Додека сте на работа, за време на паузата…

а) Земате лист и пенкало и правите листа со намирници што треба да ги купите кога ќе си одите дома.

б) Ја проверувате листата на обврски за тој ден.

в) Мирно пиете кафе со колегите, иако имате грижа на совест што губите драгоцено време.

5. Кога сте под стрес, чувствувате…

а) Како да ви гори главата.

б) Како да имате нешто во грлото.

в) Ви се потат рацете.

6. Дали уживате декорирајќи го вашиот дом или тоа со задоволство им го препуштате на другите членови во семејството?

а) Декорирањето на домот и украсувањето на елката не е ваша силна страна. Затоа се определувате само за разнобојни лампиони.

б) Секогаш сте полни со нови идеи и едвај чекате да дојде тој момент.

в) Им препуштате на децата да ја украсуваат елката, но врвот секогаш го поставувате вие.

7. Оваа година одлучивте…

а) Навремено да почнете со подготовките, за да немате непријатни изненадувања во последен момент, како минатата година.

б) Да бидете опуштени. Зошто да се брзате и да паничите, кога сѐ ќе биде во ред.

в) Да се придржувате до својот план и своите постапки.

8. Семејните вечери и средби за вас претставуваат…

а) Добра прилика да дознаете што се случува со другите членови во семејството.

б) Идеална прилика да се пофалите со своите нови работни успеси.

в) Прилика за опуштање и уживање.

9. Два дена пред празникот, вашата мајка, која досега секогаш сѐ сама организирала, ви соопштува дека не се чувствува добро и дека сега е ваш ред за да ја исполните семејната традиција. Како реагирате вие на оваа вест?

а) Мирно, затоа што немате избор, но сепак ги планирате и ги ангажирате да ви помогнат и останатите членови во семејството.

б) Паничите и мислите дека нема да успеете сѐ да постигнете навреме.

в) Обожавате вакви предизвици. Многу сте возбудени и веќе ги правите своите планови.

10. Сите подготовки се завршени и време е да се средите. Колку време ви треба за да блеснете во полн сјај?

а) 20 минути. Ви преостанува само толку време за да се истуширате и пресоблечете. Сепак, таму ќе бидете само со членовите на семејството.

б) 2 часа. Сѐ завршивте навреме и сега можете да се посветите на себе.

в) Цело попладне. Станавте рано наутро, сѐ подготвивте и сега имате време малку да се одморите и да се опуштите.

  • НАЈМНОГУ ОДГОВОРИ ПОД „А“

Ништо не оставате на случајноста

Имате одлична смисла за организација и никогаш ништо не препуштате на случајноста. Иако многумина ве сметаат за ладна личност, вие сте премногу чувствителни и вешто ги сокривате своите чувства. Имате способност во критични ситуации да го скриете стресот, затоа што се плашите дека ќе ја изгубите контролата над себе. Бесни сте кога од почетокот ништо не ви оди од рака, но упорно продолжувате и понатаму, а ретко барате помош од другите. Не бидете толку строги кон себе. Прифатете помош од семејството, опуштете се и заедно уживајте. Сепак, празници се!

  • НАЈМНОГУ ОДГОВОРИ ПОД „Б“

Вие сте под голем стрес

Вие никогаш не паничите однапред и за проблемите размислувате дури кога ќе наидете на нив. Многу сте темпераментни и вашиот праг на толеранција е многу низок. Кога сте пренатрупани со работа, што често се случува за време на празниците, вие сте под голем стрес, па и на најмалата ситница тогаш реагирате бурно и лесно експлодирате. Во такви ситуации воопшто не им е лесно на оние кои се наоѓаат во вашата околина. Ако не сакате себеси и на другите да им ги уништите празниците, планирајте навреме, дозволете им на останатите членови во семејството да ви помогнат и бидете потолерантни кон нивните грешки.

  • НАЈМНОГУ ОДГОВОРИ ПОД „В“

Вие сте премногу хаотични

Ниту малку немате смисла за организација. Знаејќи го ова, вие секоја година, кога ќе поминат празниците, себеси си ветувате дека наредната година сѐ ќе испланирате подобро и навремено. Но, тоа ветување никогаш не го исполнувате. По природа сте хаотична личност и наместо да уживате во празниците, тие честопати ве прават нервозни. Тогаш ништо не ви поаѓа од рака, ве фаќа паника и станувате премногу чувствителни. Напнатоста расте во вас и наместо да биде сѐ совршено, малку од тоа успевате да постигнете. Крајно време е да почнете да бидете посериозни. Планирајте однапред, придржувајте се до вашиот план и уживајте во празниците.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Погледнете ги Фантастичните тридимензионални цртежи на 15 годишниот Жуо Карвајо
Следна објава Новогодишната еуфорија не обзема сите но посебно најмалите – изненадете ги со вкусен десерт со примамлив изглед
Може да Ве интересира:
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Забава

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

октомври 18th, 2022 650
Револт со нов видео спот за песната "Европа"
Забава

Револт со нов видео спот за песната "Европа"

септември 17th, 2022 552
Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...
Забава

Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...

септември 1st, 2022 602
Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022
Забава

Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022

август 29th, 2022 708
Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите
Магазин

Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите

август 9th, 2022 688
Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип
Забава

Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип

јули 31st, 2022 664
Ова ли е тоа "бекап на податоци"?
Магазин

Ова ли е тоа "бекап на податоци"?

јули 31st, 2022 664
Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година
Забава

Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година

јули 19th, 2022 600
Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор
Забава

Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор

јули 19th, 2022 698
Жена на денот
Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

1514
Маж на денот
Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

1907
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 739
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202230
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202121
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201920
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.