• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Зошто светот молчеше за воените злосторства во Украина?

март 3rd, 2022 Колумна коментари 579

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Зошто светот молчеше за воените злосторства во Украина?

Сведоци сме на невидени санкции во однос на Русија и нејзините граѓани, цензура на руските медиуми на Запад, репресии против руските компании и руските граѓани на Запад, како и цензура и забрани за руската култура и историја, како резултат на руската агресија во Украина. Од друга страна, Русија тврди дека се работи за специјална воена операција за завршување на граѓанската војна во Украина, која што трае од 2014 година, и дека Западот со последните санкции и чекори и објавил војна на Русија. Вистината најверојатно е некаде на средина.

На тркалезната маса која што се оддржа 1-ви март во Општествената палата на Руската Федерација на тема „Воените злосторства на украинските националисти [1]“ учество зедоа експерти, новинари, блогери, политичари од Русија, САД, Полска, Канада, Франција, Шпанија, Норвешка, Исланд, Италија, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина.

Тркалезната маса свечено ја отвори Максим Григориев, директор на Фондацијата за проучување на демократијата, член на Општествената палата на Руската Федерација.

„8 години беше вршен систематски геноцид врз жителите на Доњецк и Луганск, териториите беа подложени на вооружена агресија, постојано гранатирање, беше организирана економска блокада спротивно на Меѓународното хуманитарно право. Украина направи се за да ги постави против себе жителите на непризнаените републики. На територијата на Украина, беа спроведени репресии врз неистомислениците, беа организирани убиства и апсења на опозиционери, забрана на рускиот јазик и Руската православна црква, цензура и прогон на новинари, системско величење на нацистичкиот период на Украина од 1941 до 1945 година и фалсификување на историјата.“ – Максим Григориев.

„Денеска најавувам формирање на Меѓународен јавен трибунал, каде што ќе ги разгледаме и овие факти и прашањето за одговорноста на оние кои го организираа сето ова. Овие факти мораме да ги претставиме на јавноста, така што во иднина одлуките ќе ги носат органите за спроведување на законот на оние земји чии граѓани настрадаа [2]“. – Максим Григориев

На тркалезната маса настапи и Марија Бутина, пратеник и член на Комитетот за меѓународни прашања на Државната дума. Марија Бутина во 2018 година и стана позната на светската јавност и се здоби со светска слава, како резултат на тоа што беше уапсена во САД,  под обвинение дека работи како „странски агент“ без да ги извести американските власти, со цел „инфилтрација (продирање) во организации кои имаат влијание врз американската политика.

„Верувам дека специјалната операција на руските вооружени сили е неопходна за да се спречи геноцид, тортура и злоупотреба на мирното рускојазично население во Донбас и Украина. Русија и Украина се братски држави, но киевската елита ја презеде власта и го уништува сопственото население, тоа е неприфатливо. Затоа, ја поддржувам руската војска и посакувам преговорите да завршат што е можно поскоро. Единствениот пат до мирот е демилитаризација и денацификација на Украина [3]“ – Марија Бутина

Руската воена операција во Украина ја поддржаа сите партии кои што се во Руската Дума. Казбек Тајсаев, секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Руската Федерација, прв заменик-претседател на Комитетот на Државната дума за прашања на Заедницата на Независни Држави, евроазиска интеграција и односи со сонародниците, истакна: „Многу често гледавме што сегашната фашистичка влада во Киев им правеше на жителите на Донбас. Многу правилна дефиниција даде претседателот на нашата земја: има геноцид врз жителите на Донбас. Целосно ја поддржуваме специјалната операција што се спроведува денеска. Јас сум многу благодарен на нашата војска и знам дека нашата армија ќе се справи со задачите со кои се соочува“.

Ева Бартлет, канадска блогерка, опиша како функционира воената пропаганда, која се повторува во секој конфликт по однапред подготвено сценарио – пред сè, ги омаловажува лидерите и бранителите на територијата. Таа го привлече вниманието на недостатокот на информации во западните медиуми за животот на цивилите од Донбас, за жителите на Газа, Алепо и Дамаск; како и информациите за воените злосторства во тие региони.

Шпанските медиуми објавуваат монтирани и лажни вести, слики и видеа од разни компјутерски игри, филмови, претходни војни и ги прикажуваат како „руски напад“, новинарите во Шпанија ги канат на интервју потомците на Бандера и казнените баталјони, како и поддржувачките на Франко. Во Шпанија власта и опозицијата се обвинуваат помеѓу себе дека се приврзоци на Путин, рече Енрике Хавиер Рефојо Аседо, шпански новинар.

Поддршка за одлуката за денацификација и демилитаризација на Украина даде Николас Чарас, специјалист за информатичка политика од Франција. Според него, Русија немала друга алтернатива: по признавањето на Доњецк и Луганск, Владимир Путин решил да стави крај на граѓанскат војна во Украина, а не да започне нова.

„За да има Русија влијание врз западните јавност, прво треба да создаде информативна платформа која ќе ги застапува интересите на Русија, и ќе ја прикажува и другата страна од конфликтот [4]“, Никола Чарас.

Координаторот на полската јавна организација „Полско-руско братство“ во Русија, специјалист за информатичка политика Пшемислав Твардовски смета дека Русија губи во информациската војна. Според неговото мислење, во земјите каде што долго време се води антируска пропаганда, треба да има информации за тоа што се случува – луѓето не знаат ништо за Донбас, поради тоа тие се негативно наклонети кон Русија и не разбираат дека Русија сака да ја заврши војната, а не започна нова војна. На крајот сите учесници на тркалезната маса ги повикаа светските лидери што побрзо да се договорат и да се стави крај на судирот помеѓу Западот и Русија, како и да се стави крај на војната во Украина која што трае од 2014 година. Ако тоа не се направи, не се знае каква ќе биде идната и судбина на човештвото. На крајот сите ќе бидеме губитници.

Известувач од Москва за Брегалнички Портал: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар


Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Политичарите да внимаваат кога зборуваат за обединување
Следна објава Александар Николоски: Во Украина се случува воена агресија, обид за присвојување територија
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 561
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 570
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 568
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 547
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 474
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 900
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 573
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 710
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 703
Жена на денот
Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

610
Маж на денот
Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

3051
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4274
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Македонски народе обедини се! Нема слобода без револуционерна борба
Историски документи

Македонски народе обедини се! Нема слобода без револуционерна борба

Јун 2nd, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.