Почитувани,
Власта и министерката за образование и наука Мила Царовска ја потценуваат и навредуваат интелигенцијата на граѓаните. И сето тоа се случува во време кога Македонија руши рекорди со црни биланси од 934 новозаразени.
Дали за министерката Царовска тоа што ги споменува 60 ученици и 160 наставници позитивни не значи ништо?
Нели е лицемерно така да зборувате, а хронично болните утре ги терате на работа и ги ставате под ризик нивните животи?
Министерке,
Тргнавте по патот на вашиот ментор Заев и неговиот ученик Филипче, но оставете го лажниот ПР бидејќи се работи за животите на луѓето.
Дали министерката Царовска има точна информираност каква е состојбата во училиштата?
Или Министерке воопшто не сакате да ја слушнете вистината?
Во колку училишта имате направена проценка на ризик за здравјето и опасноста од КОВИД-19?
СЗО и УНИЦЕФ препорачуваат училиштата да останат отворени и затоа ваша обврска е да обезбедите целосна заштита на вработените и учениците.
Министерке,
Проѕирност и чиста демагогија од ваша страна. Лажењето не е доблест и очигледно за вас зборот не е збор.
Со СДСМ и Царовска имаме незадоволни наставници, загрижени ученици и револтирани родители.”
Интегрален текст на Комисијата за образование и наика на ВМРО-ДПМНЕ