Во рамки на својата интензивна работна агенда, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ заедно со своите соработници присуствува во Брисел на состаноци со голем број влијателни и значајни политички фактори како во евгропарламентот, така и во редовите на Европската народна партија.
Во текот на вчерашниот ден Христијан Мицкоски се сретна со европратениците Едвард Кукан и Милан Звер а утринава Македонската делегација имаше средби со Потпретседателите на Европската народна партија Дејвид Мекалистер и Дара Марфи.
Во разговорите со овие значајни европски политичари Христијан Мицкоски ги апострофирал безизлезната ситуација во која актуелната власт на Зоран Заев ја води Македонија, како и
недостатокот на владеење на правото и кршењето на одредбите на правната држава.Меѓу другото биле дискутирани идните перспективи на развојот на политиките во европските институции и можностите за подобрување на политичките прилики во Македонија.
На денешните средби со европратениците имав можност да ги запознаам моите соговорници за сите оние неуспеси во Република Македонија, за вистинската реалност и секојдневие во Република Македонија, во економијата, во образованието, за сите оние криминалии во здравството, за сите оние криминални иновации кои што ни беа секојдневие во изминатиот период. Но, она што најмногу ги загрижи моите соговорници, мене но и сите граѓани во Република Македонија е практично е што Република Македонија повеќе не е правна држава и Република Македонија не е држава во која што владее правото.
Практично, се тргува со правото и правдината за реализирање на политички амбиции.
Посочив дека има основани сомневања дека ваквото владеење на власта може да резултира со нерегуларности и фалсификување на претстојните избори.
Ги запознав моите соговорници за нашите стравувања дека Зоран Заев бегајќи од предвремени озбори сака да ги украде претседателските избори, односно истовремено сето она кое што се случуваше изминатиот период да биде определен вид доказ за неговите намери да ги украде претседателските избори. Организирањето на фер избори мора да стане услов за напредок на европските интеграции.
-изјави вчера Христијан Мицкоски.
Работната агенда на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и во текот на денешниот ден.


