Во текот на денешниот ден Професорката Гордана Силјановска во рамки на нејзината посета на Брисел оствари работни средби со поголем број европратеници и високопозиционери членови на Европската народна партија (ЕПП).
Во рамки на овие средби Силјановска оствари значајна средба со европратеничката и голем пријател на Македонскиот народ, Маријана Петир од Хрватска.
На работните средби Професорката Силјановска ја придружуваше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со дел од своите соработници.

По средбите Мицкоски во јавноста упати свое соопштение за целта на оваа посета и остварени средби кое го пренесуваме во целост:
Денеска заедно со професорката Гордана Силјановска Давкова, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, во Брисел остваривме средба со европратеникот и известувач во Европскиот парламент за Република Македонија Едвард Кукан и со европратеничката Маријана Петир.
На средбата посочивме дека во Република Македонија е загрозена правната држава и владеењето на правото и дека земјата се соочува со широко распространета појава на корупција што е и нотирано во релевантните извештаи на меѓународните организации.
Политичкиот прогон и злоупотребата на апаратите на државата за пресметка со опозицијата стануваат основа на политичкото делување на власта. Од друга страна имаме назадување во почитувањето на човековите права и отсуство на волја да се работи на воспоставување на трајни механизми за борба против криминалот. Додека сето ова се случува, имаме целосно назадување на економскиот стадард на граѓаните и широко распространето иселување од земјата што е последицата на штетните политики на Владата.
Беа посочени и примери кои покажуваат дека Власта го загрозува демократскиот предизборен амбиент. Кој што е мошне важен услов кој ќе покаже колку државата е сериозна во намерите кон исполнување на стратешките цели е и начинот на кој ќе помине изборниот период, каде суштински значајно е власта да обезбеди услови за фер и демократско изјаснување на граѓаните.


