Мечкин Камен и четврти Илинден
Денот кога се навршуваат 117 години од почетокот на македонската епопеја за создавање своја независна држава и слобода.
Денес , после толку години историјата ни се повторува , само што едниот поробувач е заменет со “свој” автохтон елемент и што заплашувањата и негацијата на слободата стануваат основно средство на тој владетел .
Причина повеќе да секој од нас кој се чувствува и размислува како Македонец , да биде дента токму на тоа легендарно место. Тој симболичен датум и место се македонски каде духот и традицијата продолжуваат. Секој оној кој ќе се обиде да му даде друго значење ќе мора да ги сноси одговорностите во даден момент.
Македонија во овие летни денови е полна со Македонци кои се дојдени од европските и други држави.
Дијаспората била и ќе биде отсекогаш браник на македонските национални вредности и интереси.
Да го покажеме сега и на дело!
Вечен Илинден , вечна Македонија!

Соопштение на Координативното тело на Македонците во Европа


