Пртетседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес конференција најави своевидна револуција во здравствениот систем во Република Македонија.
Оваа дејност е една од најпроблематичните дејности со чии што последици константно и секојдневно се соочуваат граѓаните на Република Македонија подолг период наназад со години.
Поразително е во 21 век во Македонија поради лошите политики во здравството населението да го чинат човечки животи. Во таа насока Мицкоски вети програмска палета на активности преку кои ќе се модернизира Македонското здравство со цел да понуди одржлив и конкурентен здравствен бенефит како за граѓаните кои што се корисници на услугите на Македонското здравство, така и за луѓето кои се вработени во здравството преку подобрување на нивниот работен и животен стандард што беше крајно занемарен во годините наназад.
За жителите на Брегалничкиот регион најзначајно од денешните предложени проекти за реализација е воспоставувањето на новата универзитетска клиничка болница во Штип која ќе прерасне во овозможување на здравствени услуги за жителите на Источна Македонија и Брегалничкиот регион на помала оддалеченост од нивните места на живеење со далеку поголем квалитет и обем на услуги од постоењето во сегашната болница која работи во Штип.
Особено значајни од денеска презентираниот сет на мерки од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се и зголемувањето на платата на сите вработени во здравствениот систем од 20%, ревидирањето на позитивната листа на лекови, целосна дигитализација на постапката за остварување на здравствена грижа што пациентот ќе ја остварува само со лична карта, подобрување на услугите на итната медицинска помош и ослободување од административната работа за матичните лекари.
На овој начин ВМРО-ДПМНЕ како идна влада во Република Македонија ќе овозможи здравствен систем кој што е ориентиран целосно кон пациентите.
Целата прес конференција на Христијан Мицкоски како и целосниот предложен сет на мерки погледнете ги во сл. видео:


