• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Култура и традиција

ПРОГЛАС КОН СВЕТОТО ЕВАНГЕЛИЕ *¹ од блажениот учител наш Константин Философ, наречен Кирил

мај 24th, 2020 Култура и традиција коментари 1068

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
ПРОГЛАС КОН СВЕТОТО ЕВАНГЕЛИЕ *¹ од блажениот учител наш Константин Философ, наречен Кирил

Како што одамна предрекле пророците,
Христос дојде народите да ги сврзе,
зашт’ светлина е Он на сиот овој свет.
Прорекле тие слепи ќе прогледаат
и глуви ќе слушнат буквено слово,
зашт’ треба сите да Го познаваат Бога.
✣
За делата Негови чујте, Словени!
Та дар е тоа од Бога што е даден,
а дар Божји е десната Му страна,
за душите дар, што никогаш не гние,
за тие души, дарот што го примаат.
Матеј и Марко, Лука и свети Јован
сите народи ги учат зборувајќи:
Голема радост е за секоја душа
кога гледа и љуби лепина Божја,
а мракот грешен го прогони и пади,
гнилежот на овој свет г’ отфрла скраја,
за да си стекне блажен и рајски живот
и да се спаси од вечниот жив оган.
✣
А сега внимавајте будно со умот:
Слушајте ваму, си словенски народи,
слушајте Слово, зашт’ од Бога ни дојде.
Слово е храна за човечката душа,
Слово што крепи и срце баш и разум,
Слово што прави, секој да познае Бога.
Како што нема без светлина ни радост
за око што ја гледа сета твар Божја,
а без лепина таа и не се гледа,
така и душа ако е безбуквена
не го познава ни законот на Господ,
законот којшто рај Божји разоткрива,
и за грешните е патоказ кон рајот:
зашт’ кое уво, што може да чуе
татнеж на громој, не се плаши од Бога?
Исто и ноздри, што цвет не мирисаат,
како ќе Божји да разберат чуда?
Уста, пак, која сладост не осетува,
прави, човек да стане безчувствен камен.
Уште повеќе безбуквената душа
меѓу луѓето се покажува мртва.
✣
За сево ова што ние го мислиме,
ви кажуваме, браќа, подобен совет:
Она што сите луѓе ги разделува
од животните и од похотта скотска,
е што имаат ум разумен и бистар.
Вие што Слово слушате на туѓ јазик,
како да слушате глас од бронѕен ѕвонец.
Ова го рече свети Павле учејќи:
Молитва своја кога пред Бога давам,
повеќе сакам сал пет збора да кажам
со разумот свој јас да ги изговорам
за да разберат и сите мои браќа,
отколку мноштво неразбрани зборови,
зашто човекот што реч не разбира ни
беседи мудри што ќе му се кажуваат,
тој не настои ни да ги исполнува,
си полага грижи сал за телото тлено.
Сè исчезнува и подлежи на гнилеж
што ќе се лиши од сопствената храна.
Баш така тлее зар и секоја душа
ак’ од Божјиот живот до век се лиши,
кога Божјото Слово не ќе го слуша.
✣
Приказна друга, мошне мудра, сега
да раскажеме, што прилега на семе
коешто расте колку што Бог му делил.
Како семето кое на нива паѓа
кога се сее со вера за да расте,
така човечки срца имаат нужда
од букви, а и од Божествена роса
за дарот Божји повеќе плод да роди.
Па кој би можел си сказни да каже
на што приличат бескнижните народи.
Тие се неми и покрај смислен говор.
Дури и сите јазици да ги знаат,
без букви ними, не им користат ништо.
Но кон својата сказна уште би додал
во малку зборој поука мошне умна,
дека се голи народите без книга.
Не може човек без оружје во борба
со противникот на човечките души
в чиј плен ќе падне и в бесконечни маки.
Народ кој мисли с’ омразен непријател
војна да води и бодро да се бори,
мудро да пази дали д’ отвори порти.
Имајќи сега оружје мошне јако
со кое книги Господови се коват,
што можат глава на врагот да му строшат,
c’ овие букви, што ви ја откриваат
мудроста нивна, јакнат вашите души.
✣
Апостолите, пак, со сите пророци
што ги кажале овие свети слова,
кои се моќни да го здробат врагот,
победа добра да принесат на Бога,
беѓајќи од телото в гној што ќе гине,
од плотта тлена чиј живот е ко сено,
не паѓајќи духом а крепко стоејќи,
пред Бога храбри се јавуваат тие,
ќе седат десно од Божјиот свет престол,
кога со оган луѓето ќе ги суди.
Радувајте се со ангели во век
прославувајќи премилостива Бога,
секојпат како со напишани песни
Бога воспојте и луѓе милувајте.
✣
Зашто на Бога секогаш Му прилега
секоја слава чест и вечна хвала,
на Синот со Отецот и Светиот Дух,
во веки веков од целата Божја твар.
Амин.

*¹Преводот од староцрковнословенски јазик го изработил Петар Хр. Илиевски, а текстот е преземен од: Петар Хр. Илиевски, „За античката просодија во македонски препев“, Куманово 1997, 113 – 121. Проглaсот кон светото Евангелие е прва поголема, писмено оформена поетска творба на староцрковнословенски литературен јазик. По својата содржина и намена тој претставува промоција и апологија на тукушто преведеното Четвороевангелие на словенски јазик. Во него е изложена програмата и суштината на апостолската мисија на солунските Браќа, св. Кирил и Методиј, кај Словените, а по интенциите Прогласот е со многу подалекусежен, општочовечки зафат. Со него се повикуваат сите словенски народи да го слушаат словото, но тој истовремено е повик за описменување и на сите безбуквени народи, кои биле примирени со средновековното сфаќање за само три „свети“ јазици на кои луѓето можат да Го слават Бога и да го читаат Неговото Слово. Содржината на Прогласот е отворена идеолошка и културолошка борба против ваквото сфаќање, со кое европските народи биле држани во заблуда. Прогласот претставува синтеза на целокупната теоретска, книжевна и практична активност на св. Кирил сублимирана во зборот СЛОВО и упатена како апел до сите луѓе за единство преку заемна љубов на сите народи и покрај сета нивна јазична и културна многуобразност (Петар Хр. Илиевски, „Цит. дело“, 100, 112).

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Гоце Марков: Боја, слоган, не бе не е кампања зад плаштот на Короната, не...
Следна објава "Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Може да Ве интересира:
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 581
Колку повеќе го брусат, толку повеќе ќе го има! На денешен ден во 1992 година беше усвоено знамето на Република Македонија
Култура и традиција

Колку повеќе го брусат, толку повеќе ќе го има! На денешен ден во 1992 година беше усвоено знамето на Република Македонија

август 11th, 2022 450
Јонче Христовски е бележит репрезент на душата на Македонскиот народ. Горди сме што го има(в)ме
Историски личности

Јонче Христовски е бележит репрезент на душата на Македонскиот народ. Горди сме што го има(в)ме

април 15th, 2022 828
Македонска бесмртност: Тешкото- оро за тешкиот живот и надежта за подобра иднина на овој народ
Култура и традиција

Македонска бесмртност: Тешкото- оро за тешкиот живот и надежта за подобра иднина на овој народ

јануари 21st, 2022 786
Никола Јонков Вапцаров: ИЛИНДЕНСКА
Култура и традиција

Никола Јонков Вапцаров: ИЛИНДЕНСКА

август 1st, 2021 735
Кочо Рацин: ЗНАЧЕНИЕТО НА ИЛИНДЕН
Култура и традиција

Кочо Рацин: ЗНАЧЕНИЕТО НА ИЛИНДЕН

август 1st, 2020 662
Сонцето е нашиот штит од сите асимилаторски и негаторски пропаганди на нашето постоење
Култура и традиција

Сонцето е нашиот штит од сите асимилаторски и негаторски пропаганди на нашето постоење

јуни 23rd, 2020 787
Македонците од 19 век барале рестраврација на Античка Македонија!
Култура и традиција

Македонците од 19 век барале рестраврација на Античка Македонија!

јуни 4th, 2020 1051
Во чест и слава на Св. Цар Константин и царица Елена, денеска е соборен ден во село Разловци, делчевско
Култура и традиција

Во чест и слава на Св. Цар Константин и царица Елена, денеска е соборен ден во село Разловци, делчевско

јуни 3rd, 2020 1374
Жена на денот
Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

1235
Маж на денот
Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

2146
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 739
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202230
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202121
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201920
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.