• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Драган Ковачки-Имаме 2 решенија: Првото е посакувано и тешко, но не и невозможно. Второто е лесно, но најмалку посакувано

август 29th, 2020 Колумна коментари 2316

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Драган Ковачки-Имаме 2 решенија: Првото е посакувано и тешко, но не и невозможно. Второто е лесно, но најмалку посакувано

Македонската држава умира на рати. Се плашам дека ќе треба да им кажеме на идните генерации, да размислат дали е време да си го побараат чарето надвор по белиот свет, оти ние, нашата генерација Македонци сме на најдобар пат да ја уништиме нивната иднина и тоа на маса, со пенкало.

Да ставиме прст на чело и да се прашаме: Зошто?

Затоа што сите одлуки ги носат и во голема мера се условени од ликови кои ги имаме во македонската политика: аболицирани, амнестирани, лица на црната листа на САД, убијци на македонските чеда, докажани криминалци со кривични дела, митаџии, лица со неистражени и крајно сомнителни активности…

Затоа што нема одговорност. Ниден политичар освен Амди Бајрам нема лежено во затвор. А и тој, после одлежаната затворска казна повторно се врати во политиката и гласаше клучни закони, па дури и смена на Уставот.

Затоа што промовираме европски вредности само на збор, а во позадина сме потонати во неморал, непотизам, кронизам, корупција, уцени и целосна партизација. Во последните години и класично своеволие на сите нивоа и сите видови власт.

Затоа што е нормално да уценуваш и поткупуваш пратеници, а притоа да нема никаква одговорност и казна за поткупувачот и за поткупениот.

Затоа што експертите во македонската политика ни го наметнаа и ни го величаат консензуалниот модел на демократијата, а народот тоа го прифаќа оти зборот консезуалност добро звучи. Притоа, промоторот не сака да каже дека тоа е модел за заостанати и нефункционални држави, а не за напредни демократии кои претендираат да бидат членки на ЕУ.

Затоа што наместо да зборуваме за унапредување на граѓанските права, ние како Македонци по род молчиме (заради некакво поголемо добро) и ги оправдуваме националистичките барања кои водат кон редефинирање и конечен распад на државата.

Затоа што глумиме држава, а ги уништивме и така слабите демократски капацитети.

Затоа што е нормално политиката да владее над правото.

Затоа што законите не важат за сите подеднакво и некои се ПОеднакви од другите.

Затоа што е нормално да лажеш и крадеш оти сите тоа го правеле, а борците против корупција да бидат најкорумпирани.

Затоа што Волтеровата „Јас не го одобрувам тоа што го зборуваш, но до смрт ќе го бранам твоето право да го кажеш тоа“ е погазена на ниво на ерес, па лица се осудени на затворски казни заради фејсбук статуси (!!!).

Затоа што не сме свесни дека залудно се надеваме дека ако се откажеме од правата и слободата кои друг ги извојувал за нас, дека ќе имаме мир.

Затоа што малограѓанството, одмаздољубието и алчноста се нормални и општо прифатени стандарди.

Затоа што е нормално на оние што си ја сакаат татковината да им залепиш етикета на националисти, шовинисти, заостанати и небањати озлогласени терористи.

Затоа што е нормално министерот за здравство кој тотално потфрли во стратегијата за борба со КОВИД 19, наместо да одговара, повторно да биде награден со министерска функција.

Затоа што наместо еднакви шанси за сите, имаме партиска одлука од партијата на власт.

Затоа што е нормално и е востановена пракса пред избори да си купиш глас со вреќа компири и 3 литра зејтин.

Затоа што е нормално да ја злоупотребиш вонредната состојба и да ги пренамениш заедничките народни пари за партиски изборни цели преку ваучери.

Затоа што е нормално невладините организации да примаат пари од владата и истовремено да бидат невладини.

Затоа што службите за безбедност масовно се злоупотребуваат и се во потполна функција на партијата, а не во функција на државата.

Затоа што македонските интелектуалци се конформисти и можеби со право одлучиле да одмолчуваат.

Значи вака, имаме 2 решенија: или ќе се освестиме и ќе најдеме сили како нација да се исправиме на патот на европските вредност
и, или ќе се редефинираме и самоукинеме под балкански правила.

И двете решенија бараат жртвување. Првото е посакувано и тешко, но не и невозможно. Второто е лесно, но најмалку посакувано.

Пишува: Полковник Драган Ковачки

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава „Македонија ќе биде слободна!“ На денешен ден пред 115 години Александар Турунџев бил осуден на смрт
Следна објава Во ЈП Солидарност Виница власта директорите ги менува од неуспешен во понеуспешен, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 621
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 638
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 621
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 608
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 536
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 973
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 621
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 764
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 806
Жена на денот
За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

1327
Маж на денот
Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

2043
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201922
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201921
Се заблагодарува и ветува дека нема да ја изневери поддршката
Македонија

Се заблагодарува и ветува дека нема да ја изневери поддршката

Ное 1st, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.