Пред малку започнаа блокадите на центарот на Скопје на кои што граѓани предводени од ВМРО-ДПМНЕ протестираат за оставка на Зоран Заев и ослободување на Македонскиот народ од прангите на оваа ненародна и режимска власт.
Пред присутните на протестот покрај константната сирена за аларм на јавноста, се обрати Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Тој уште еднаш ги истакна своите и заложбите на ВМРО-ДПМНЕ за апсолутна транспарентност на процесот во кој што се поизвесно е дека актуелната власт на Заев, Димитров и Османи без знаење на јавноста преговараа со Бугарските власти за откажување на Македонските идентитетски вредности, Македонскиот јазик и историските вистини во врска со ликот и делото на Гоце Делчев и плејадата Македонски дејци од предилинденскиот и илинденскиот период.
Александар Николоски им порача на актуелните власти дека народот ќе остане на барикадите се додека Зоран Заев како најштетен политичар во Македонското политичко милје не падне од власт.


