Денеска на седница на Комисијата за надворешна политика во Македонскиот парламент со 5 гласови против од страна на пратениците на СДСМ, ДУИ и БЕСА беше одбиено барањето на пратеникот Тимчо Муцунски за проширување на Дневиот ред со нова предлог точка за национален консензус македонско-бугарските односи во контекст на ЕУ интеграциите.
Пратениците од парламентарното мнозинство претходно не присуствуваа на посебната седница на оваа собраниска комисија свикана од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за да се расправа за оваа тема, која власта сака по секоја цена да ја тргне од темите за јавна дебата во јавноста.
Ваквото однесување на пратениците на власта оди во прилог на веќе договореното предавство на Македонскиот национален идентитет од страна на Зоран Заев кое што се бара форма како во последен момент да биде соопштено од страна на власта.