• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

АРМ: Со стари чизми во НАТО

октомври 23rd, 2021 Колумна коментари 1308

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
АРМ: Со стари чизми во НАТО

Проектирана на 8.000 војници, професионална и ефикасна армија по НАТО стандарди, активна во странски мировни мисиии, посветена на безбедноста, денес Армијата на Република Македонија (АРМ) е повеќе вооружена со силен ентузијазам, отколку со софистицирана опрема и техника, како и услови за работа. АРМ денес е бледа сенка на армијата од почетокот на 20 век. Со исклучок на Косово и на Црна Гора, Македонија денес има најслаба армија од државите од бивша Југославија и во соседството. Доколку во минатото служењето на воен рок, како и работењето во армијата беше прашање на чест и на гордост, денес тоа не е така. Професијата војник и офицер за жал денс во Македонија не е доволно почитувана ниту е вреднувана. Она што е интересно е дека АРМ досега беше единствената институција која според анкетите со години ужива највисока доверба меѓу граѓаните.

АРМ денес е далеку од армија по НАТО стандарди, или армија според стандардите и барањата на 21 век. Опременоста како и борбената готовност на македонската армија е на ниско ниво во споредба со минатото. На различните воени вежби и во Македонија а и во странство, може да се забележи дека нашите војници и воени единици не се опремени како што доликува, и дека по личната опрема далеку заостануваме од опременоста на другите НАТО држави. Исто така, може да се забележи дека нашите војници носат различни униформи, различни чизми, и дека користат борбени елеци кои што не одговараат на маскирните униформи. Јавна тајна е дека и обученоста на голем дел од единиците на нашата армија е на ниско ниво, и дека истата постојано опаѓа.

Но зошто ситуацијата е таква? Состојбата во армијата е последица на неинвестирањето во последните 14 години, и ставањето на армијата во втор план, за сметка на Министерството за внатрешни работи. Она што е интересно е дека Македонија од 2004 година до денес трошеше околу 1,4% од БДП, што е далеку под барањата на НАТО за трошење на 2% од БДП за потребите на одбраната. Ситуацијата ја влошуваше и фактот дека со секој ребаланс на буџетот, се кратеа средства и од така сиромашниот буџет за АРМ.  Македонија се до 2021 година не исполнуваше уште еден НАТО услов, а тоа е трошење на 25% од буџетот за набавка на нова борбена опрема и оружје, и за модернизација на старата. Во 2021 година Македонија за одбраната ќе потроши 1,57% од БДП. Во 2021 година Македонија за прв пат во ќе издвои повеќе од 20% од буџетот на одбраната за набавка на нова воена опрема и техника.

Иако на хартија во АРМ има 8 000 активен персонал (војници, офицери + цивилни лица), во реалноста таа бројка е пониска. Иако АРМ од 2007 година е професионална армија, сепак условите за работа како и платите во АРМ се далеку од идеални. Голем број на професионални војници и офицери со години ја напуштаат АРМ и заминуваат во странство во потрага по парче леб, и на тој начин АРМ губи квалитетен кадар кој што е тешко бргу да го замени. Алармантна е ситуацијата со офицерскиот кадар и со професионалните војници од специјалните единици. Во последните десеттина години офицерскиот кадар е десеткуван, како резултат на мешањето на политиката во армијата, вработувањата според Охридскиот рамковен договор, и лошите услови за работи. Како резултат на тоа, на последните конкурси за професионални војници се пријавуваа минимален број на кандидати, и најголем дел од нив беа партиски кандидати. Иако со години на професионалните војници и офицери им беше ветувано решавање на станбеното прашање, истото до ден денес не е решено.

Иако АРМ располага со солиден број на воена опрема и техника, денес АРМ располага со техника која е во очајна состојба, и околу 30% од борбената техника е во исправна состојба, а ситуацијата е особено критична со оклопните борбени возила, артилериските системи, против воздушната одбрана како и со хеликоптерите. Критична е ситуацијата со борбената опрема, пред се борбените оклопни возила, оклопните транспортери, артилериските системи и средствата за врска во Првата пешадиска бригада. Бригадата располага со различни видови на борбени и оклопни возила, кои што се во лоша техничка состојба, и кои што се на крајот на својот животен циклус. Се работи за возилата од типот БМП-2, БТР-70, Т-170 Хермелин, како и артилериските системи БМ-21 Град, М-63 Пламен, М2А1, минофрлачите М43 120 мм и М52UB 120 мм. Просечната старост на борбените возила и на артилериските системи е над 40 години. Критична е и ситуацијата и со тенковскиот баталјон кој што располага со 31 тенк Т-72, од кои што само мал дел од нив се исправни. Просечната старост на тенковите е повеќе од 40 години.

Критична е ситуацијата и во ПВО батеријата, која што располага со стари ПВО системи од краток дострел 9К35 Стрела-10 како и 9К38 Игла и 9К32 Стрела-2. АРМ не располага со модерни и моќни радарски системи. Критична е и ситуацијата во хеликоптерскиот сквадрон на АРМ, кој што до пред 10 години важеше за најмоќен и најмодерен хеликоптерски сквадрон од земјите од бивша Југославија. Денес најголем дел од хеликоптерите се приземјени и не летаат, поради истек на ресурсите и неспроведувањето на ремонт. Македонија со помош на Израел, и на израелската компанија Elbit Systems Ltd пред околу 15 години спроведе напредна модернизација на хеликоптерите Ми-24В и Ми-17. После модернизацијата Ми-24В го добија името Ми-24 Букефал. Elbit Systems Ltd во Македонија на скопскиот аеродром изгради модерен центар за обука за пилоти.

Иако според стратешките документи на Министерството за одбрана и особено според Долгосрочниот план за развој на одбранбените способности 2019-2028 е предвидено набавка на нови одбранбени системи, оружје, технологија, сепак модернизацијата и набавката на армијата постојано се одложуваше. Како резултат на тоа  Почнувајќи од 2020 година АРМ започна со амбициозен план за модернизација и набавка на нова и современа воена опрема пред се од САД и од Турција.

Но повеќе за тоа во наредната статија.

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

  • Ознаки
  • анализа
  • безбедност
  • Дарко Тодоровски
  • Колумна
  • став

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Денеска се празнува 23 Октомври- Денот на Македонската револуционерна борба
Следна објава Виолета Ачкоска: 23 Октомври, ДЕН НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 552
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 562
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 562
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 538
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 468
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 893
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 569
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 706
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 697
Жена на денот
Кејт Аптон-модел и актерка со убавина која извира од душата

Кејт Аптон-модел и актерка со убавина која извира од душата

558
Маж на денот
Скот Аткинс - Боречки  уметник кој го води актерството

Скот Аткинс - Боречки уметник кој го води актерството

1344
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 2022 584
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 201727
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202125
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201921
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.