Природата секој период од годината има моќ да го направи магичен, дали ќе се работи за зимска идила или пролетни прекрасни пејсажи, само природата знае да си поигра со совршеноста и да ја направи реална.
Кој не би посакал да прошета по патека опколена со дрвја, листови или цветови кои креираат совршенство за око и леат прекрасни цветни мириси. Некои од овие природни тунели се помогнати од човечка рака, нијанси околу креативниот изглед, но други се сосема случајни креации на природата.
Некои тунели заличуваат и на природни цветни скулптури, други чиниш дрвата ќе прозборат, а се сосема случајно создадени и се идеални места за преубави свадбени сесии на фотографии.
Зборуваме за места како: љубовниот тунел во Украина, мрачната жива ограда во Северна Ирска, улица во Бон Германија, цветниот тунел Вистерија во Јапонија, бамбусовата патека во Кјото Јапонија, тунелот Сакура во Јапонија, тунелот од дрва во Холандија, лавиринтскиот тунел во Велика Британија, паркот Франциско во Костарика, чемпресевиот тунел во Калифорнија и многу други природни тунелски убавини ширум светот.