Ова се моменти кога народот со право е исплашен за своето здравје и кога власта мора да се фокусира на обезбедување на заштитни средства за медицинскиот персонал, полицијата, војската, за шалтерските работници, работниците во фабриките, возачите, граѓаните, а не да ја користи вонредната состојба за партиски цели и да вработува.
Каков парадокс во практицирањето на власта: од една страна кажуваш дека нема да има пари за да се исплатат платите во администрацијата, а од друга страна вршиш партиски и непотребни вработувања.
Згрозен сум, ова е навистина неодговорно и недржавнички.


