• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Елена Зарковска: Нешто е труло во односот на Скопје кон НАТО

јануари 3rd, 2021 Политика коментари 1014

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Елена Зарковска: Нешто е труло во односот на Скопје кон НАТО

„Всушност, некои про-Кремљ извори сугерираат дека (со членството на Македонија во НАТО) групата на подржувачи на Кремљ во НАТО ќе се зголеми” вели Марија Шеговаја од Вашингтонскиот Центар за анализа на Европски политики во изјава дадена на 12 јули 2018.

Оваа изјава навреме ја посочи најголемата болка на нашиот пристап кон НАТО и односот на НАТО кон нас што деновиве се потврдува со скандалот поврзан со недобивањето безбедносен сертификат на несудениот ни воен претставник во Алијансата од страна на Безбедносната Служба на НАТО. Вреди да се нагласи, недавањето сертификат / агреман само по себе не е скандал поради кој треба да се бараат оставки или дига непотребна врева во јавноста. Но, да добиеш премолчан негативен одговор во првата инстанца и да продолжиш упорно, речиси цела година, со номинирање на еден те ист, веќе отфрлен кандидат – тоа е повеќе од скандал и повеќе од прашање на (не)подобност на самиот кандидат. Ова е прашање кое со право упатува на голем сомнеж кон врвните надлежни институции на безбедноста и воената соработка, т.е. кон Радмила Шеќеринска како министер за Одбрана, Зоран Заев како премиер и Стево Пендаровски како Претседател.

Кажано без ракавици, со нивното поведение, сомнежот веќе не паѓа врз одбиениот кандидат туку врз неговите именувани претпоставени (по политичка линија) и кон врвот на АРМ (по професионална линија). Кои се мотивите во позадината на упорното инсистирање на Шеќеринска, Заев и Пендаровски да токму тој лик биде воен претставник во Алијансата и зошто Армијата молчела цело време? Дали е прашање на нивна автономна оценка базирана врз политички или приватен интерес? Или пак таквата одлука била прашање на условеност и инсистирање од некоја трета страна, секако не од фамилијата НАТО? И двете прашања се проблематични. Но, кај второто е далеку поголема причина за загриженост бидејќи задира во автономноста, сувереноста и интегритетот на нашето севкупно политичко-воено водство. Недостатокот на одговори од страна на именуваните само го продлабочува овој сомнеж и онака засилен со последните сомнежи за неажурноста на домашното раководство во расчистување на безбедносниот апарат од, како се наведува, двојни агенти поврзани со земји ривали на НАТО.

Овие сомнежи се уште побитни поради редица неодговорени, чудни постапки на нашите раководства, како на пример одлуката на Зоран Заев да при учеството на Самитот на НАТО во Лондон го земе со себе Зоран Верушевски. Следено од јавно објавени дискрециони забелешки на западни амбасадори за “безбедносната припадност” на одредени високи државни службеници кон соседни земји, подоцна поткрепени и со не толку прикриени пацки од соседна Бугарија. Да не ја заборавим и чудната, нетранспарентна и спротивна на принципите на НАТО одлука за соработка во воено-воздухопловна заштита на нашето небо без да се консултираат останатите соседни земји членки на НАТО и игнорираат интересите на земјите членки во јужното крило на Алијансата. Не помалку (напротив) битно е и фрапантното отсуството на контакти помеѓу нашата министерка за одбрана со нејзините колеги-колешки од соседството, следено од комплетната изолираност на Пендаровски и се поизразената дистанца во регионот од Заев. На крај, да укажеме и на една, досега не сосема елаборирана димензија на односот на Скопје кон Софија и пошироко. Зборот ми е за новиот пристап на анти-НАТО стратегијата која сега еволуира во вербална подршка, компензирана со засилен анти-бугарска и анти-албанска реторика од домашните медиуми и традиционално про-белградските и про-руските функционери како посредна тактика за рушење на довербата во Алијансата преку градење анимозитет и непријателство кон нејзините земји-членки во регионот.

Впечатливо во с к а н д а л о т е и изразениот молк на вечните маскоти на атлантизмот (Рамадани, Ружин) кои одеднадеж замолкнаа по прашањето на недавање сертификат на кандидатот на СДСМ. Па затоа медиумите беа принудени да побараат мислење, став и анализа од соседството, во ликот на Саво Кентера од Атлантскиот Сојуз на Црна Гора. Постапка која наведува на помисла дека Алијансата е далеку поинформирана (квалитетно и длабочински) за морално-политичката позадина на подржувачите на НАТО во сегашната власт, вклучувајќи го и нивниот невладин, медиумски и аналитичен корпус.Самото обзнанување на веста е интересна и треба да не замисли. Објавата е последниот чекор на опомена, испратена како предупредување пред претстојните чекори. Часот на објавата и начинот на објавата е крајно симптоматичен, подвлечен и од реакциите на домашните медиуми и јавност. Молкот на провладните медиуми за овој скандал, како и на оние со прикриена симпатија кон опозицијата но со длабоки врски со министерката за одбрана и наклонетост кон Белград е чекот кој дополнително ја потврдува растревоженоста на Брисел за искрениот курс на скопското раководство кон западните сојузништва.Нешто е многу труло во односот на Скопје кон НАТО. И тое е веќе евидентно, толку труло што не може да се покрие ни со познатите рефрени на фалш екипата на проектираните атлантисти и медиумските спинови на оправданијата и дефокусот. Не помалку евидентно е дека Скопје е соочено со тврдо барање за спроведување лустрација, воглавно од НАТО и столбовите на Алијансата, делумно од соседните земји членки. Очигледната нервоза на Шеќеринска укажува дека просторот за манипулации со реалноста е веќе истуркан до ѕид, дека про-западноста на Пендаровски се мери со спремноста да се соочи и ослободи од неговите полициско-разузнавачки татковци, с шармот на Заев завршува со кравата-клештењето со Ципрас.

Пишува: Elena Zarkovska

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава На денешен ден 2 јануари 1952 година починал Д-р Христо Татарчев- еден од основачите на Македонската револуционерна организација
Следна објава Нарушена стабилноста на новореконструираниот мост кај Таушанско маало во Делчево кој се реализираше со кредит од Светска банка
Може да Ве интересира:
Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер
Македонија

Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер

октомври 26th, 2022 379
Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"
Македонија

Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"

август 11th, 2022 696
Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"
Македонија

Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"

јули 29th, 2022 551
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум

јули 27th, 2022 493
Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно
Македонија

Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно

јули 4th, 2022 616
Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат
Македонија

Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат

јуни 29th, 2022 1946
ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија
Македонија

ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија

јуни 28th, 2022 528
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот
Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот

јуни 22nd, 2022 633
Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт
Македонија

Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт

јуни 14th, 2022 520
Жена на денот
Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

1898
Маж на денот
Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

1965
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 779
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202237
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201924
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.