Повеќе пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на денешната пленарна седница во Македонскиот парламент носеа маици со ликот на Гоце Делчев.
После првиот парламентарен состав кога на седниците на собранието стоеше портрет на Гоце Делчев стоеше зад парламентарниот спикер ова е втор пат ликот на Гоце Делчев да влезе во Македонското собрание благодарение на овие пратеници на опозициската партија.
Повозрасните граѓани се сеќаваат на тие седници на првиот парламентарен состав дека Бранко Црвенковски како претседател на тогашниот СДСМ се спротивставуваше да се тргне сликата на Тито на чие што место пратениците на ВМРО-ДПМНе тогаш бараа да стоеше портретот на Гоце Делчев.
“Гоце Делчев е Македонија!”- напишаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ споделувајки фотографии со ликот на Гоце.