Гордана Димитриеска- Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните да се приклучат на граѓанскиот протест кој што го организира опозицијата во одбрана на сопствениот идентитет преку одбрана на ликот и делото на Гоце Делчев.
“Гоце Делчев е нашиот идентитет, нашето славно минато и основа за нашата иднина.
Тој е наша гордост, мотив и пример за тоа како се сака сопствениот народ. Тој е Учителот основоположник за вечната идеја – МАКЕДОНИЈА.
Утре, вторник 15.09.2020, во 18:30 пред министерството за правда, преку мостот “Гоце Делчев”, до министерството за надворешни работи.
Да покажеме и докажеме дека нѐ има и дека можеме да останеме свои на своето!”
-напиша таа на фејсбук.


