• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Власта планира да уфрли свои луѓе за дискредитација на протестот на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на ликот и делото на Гоце Делчев

септември 14th, 2020 Политика коментари 453

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Власта планира да уфрли свои луѓе за дискредитација на протестот на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на ликот и делото на Гоце Делчев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денеска на прес конференција ги повика сите слободоумни граѓани да се приклучат на протестот кој што го организира опозициската партија со цел за одбрана на ликот и делото на Гоце Делчев.

Македонскиот револуционер кој претставува камен темелник на Македонската борба за слобода е под удар на негациите во рамки на преговорите кои што власта предводена од Зоран Заев ги реализира со бугарските официјални лица. Дополнително бугарските власти се заканија со вето од страна на Бугарија во пристапувањето на Македонија кон преговори за членство во ЕУ доколку македонската страна не се откаже од овој свој историски лик, на чија што борба се темели постоењето на Македонската современа држава.

Притоа на прес конференцијата Мисајловски ги разобличи намерите на власта да инфилтрира свои луѓе на протестот кој ќе се одржи утре вторник 15.09.2020 година со почеток во 18.30 часот пред Министерството за правда. Намерата на СДСМ и Зоран Заев преку вакви свои продолжени раце од луѓе да го наруши текот на самиот протест со што сакаат да ја дискредитираат опозицијата и нивната борба за пад на актуелната власт.

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Владо Мисајловски:

“Гоце Делчев е еден од најсветлите ликови врз чии постулати почива современата македонска држава. Тој е дел од нашиот идентитет и црвена линија за нашето достоинство. Токму за него и за историски факти далеку од очите на јавноста преговара владата на Заев со нашиот источен сосед. Трговијата со неговото име и постоење значи трговија со нашето постоење и она што сме и ќе продолжиме да бидеме, тоа е Македонци. Во меѓувреме нема никакво поместување на патот кон Европската Унија. Европската Унија останува уште едно неостварено ветување на Зоран Заев и неговата власт. Не чувме идеја, ниту план.

Да потсетиме ова е Влада која е спремна да се откаже од се, само за својата лична спас и спасот на неколку кариери на луѓе кои ја водат.
Се работи за мошне чувствителен период и тоа време кога и им треба нашата поддршка на нашите историчари кои се дел од тимовите за преговори за да ја бранат вистината за Гоце и да не потклекнуваат на трговии и политички притисоци. Затоа, ВМРО ДПМНЕ организира во вторник со почеток во 18:30 часот Протестен собир кој ќе започне од пред Министерството за правда, ќе продолжи преку мостот „Гоце Делчев“ се до зградата на Министерството за надворешни работи. Протест на кој ќе изразиме поддршка за членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев кој е нашето постоење и нашиот идентитет. Делчев се борел за народна слобода и пред се културен и сестран развој што е и основа на европските вредности кон кои ние сите се стремиме. Делчев е ликот кој треба да не обединува, а не да не разединува.

Oва ќе биде мирен народен протест на кој ќе се испратат јасни пораки.

Време е за гласот на тивкото мнозинство. Повикуваме сите да ни се приклучат во протестот кој треба да биде нашиот глас за она што не обележува како држава, стратешки интерес и бедем на нашето постоење.

И сосема на крај, предочуваме дека имаме сознанија за уфрлање на поединци кои се инструирани од власта, кои ќе имаат за цел да го дискредитираат протестот со елементи на говор на омраза и изразување на ставови кои не се дел на партијата, за да подоцна се дискредитира ВМРО ДПМНЕ. Однапред се оградуваме од таквите инструирани сценарија кои само им одат во прилог на структурите на власта кои ја држат државата заробена и не посакуваат напредок. Токму затоа на однапред видно одбележано место пред Министерството за правда ќе се делат пораки и транспаренти кои ќе бидат дел од протестот чија јасна цел ја кажуваме денес. Ве повикуваме сите и се гледаме во вторник во 18:30 часот.”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Здружението "Илинден 1903" од Франција зеде учество на манифестација во општината Кантеле
Следна објава Гордана Димитриеска- Кочоска: Гоце Делчев е основа за нашата иднина
Може да Ве интересира:
Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер
Македонија

Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер

октомври 26th, 2022 277
Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"
Македонија

Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"

август 11th, 2022 580
Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"
Македонија

Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"

јули 29th, 2022 425
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум

јули 27th, 2022 369
Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно
Македонија

Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно

јули 4th, 2022 500
Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат
Македонија

Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат

јуни 29th, 2022 1852
ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија
Македонија

ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија

јуни 28th, 2022 403
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот
Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот

јуни 22nd, 2022 456
Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт
Македонија

Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт

јуни 14th, 2022 399
Жена на денот
Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

1110
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него

Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него

1067
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Неделни топ 5 на Брегалнички
Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'
Жена на денот

Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

Авг 11th, 2018 483
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
СДСМ не направи ништо за да ја стабилизира депонијата во с. Лески во изминатите 4 години и не знаат за начинот на третирање на истата
Регион

СДСМ не направи ништо за да ја стабилизира депонијата во с. Лески во изминатите 4 години и не знаат за начинот на третирање на истата

Апр 13th, 202226
Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд
Жена на денот

Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

Мар 8th, 202026
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Колумна

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

Окт 29th, 202224
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.