Во текст објавен на порталот Инфомакс.мк се објавуваат повеќе детали поврзани со разговор на поранешниот Премиер на Република Македонија со неименувано лице од Македонија кое го има посетено сега азилантот во Унгарската претстолнина.
Еден од поинтересните детали е пишувањето на соговорникот на Никола Груевски во врска со посведочувањето поврзано со имплементацијата на Преспанскиот договор со Грција со кој се предвидува промена на името и уставот на Република Македонија:
… Груевски прокоментирал дека минатото лето и непосредно пред заминувањето во ноември, имал конкретни понуди поврзани со негова јавна подршка на договорот со Грција или евентуално негово убедување и обезбедување неколку пратеници да гласаат за престојната промена на уставот, а за возврат да запре политичкиот прогон против него, што Груевски го одбил, иако бил свесен на последиците по него лично. Посочил, дека не се кае, и дека да се врати времето пак исто би постапил со ваквите понуди. Прокоментирал дека е подобро да се соочи со политички прогон, вештачко градење слика за него дека е криминалец и слични квалификации што му ги ,,лепат,, секој ден иако за него нема ниту еден предмет за корупција или проневера на пари, одколку реално да стане предавник.
-стои во објавата на текстот на порталот Инфомакс.мк.


