Претседателот на Франција Емануел Макрон сака да комбинира 42 социјални мерки за остварување на пензија како дел од државниот систем на Франција. Тоа ги преплаши граѓаните на Франција!
Улиците на гранцуските градови беа преполнети со противладини демонстранти, солзавец и полицајци минатата недела откако Претседателот Емануел Макрон го претстави она што се претвори во амблем на неговото претседателство: социјален немир.

Овојпат ова беше генерален штрајк против неговите планови да го промени државниот пензиски систем.
Голем дел од земјата пружи поддршка на штрајкот на транспортните работници. Според некои проценки близу половина милион французи зеле учество во штрајкот ширум државата. Транспортот, метрото и автобусите беа откажани, многу од училиштата беа затворени, а многумина беа приморани да отсуствуваат од работа ширум државата.
Во Париз од плоштадот на Републиката се креваше чад додека збиени редови на унионистите кои што се бесни на Макрон маршираа против неговите најавени реформи. Во Рен демонстрантите кршеа излози на продавниците, во Нант полицијата ги растеруваше демонстрантите со созлавец, во Лион судири на физичко насилство избија помеѓу демонстрантите и полицијата.
Причина за протестот беше ликот на претседателот Макрон- поранешен банкар за инвестиции кој што беше избран пред 2,5 години врз основа на ветувањето дека ќе го растресе безбедниот но склеротичен француски систем кој што се покажа непријателски за бизнисите, растот и создавањето на работни места.

Неговата најнова амбиција- да спои 42 различни социјални пакети во еден систем кој што ќе биде менаџиран од државата ги преплаши граѓаните.
Во минатиот вторник господинот Макрон беше тој кој што успеа да го обедини гневот на голем број французи, исто како што направи пред една година кога покрена против себе демонстрации предводени од т.н. жолти елеци во рамки на чии што протести тој беше сликовито прикажан како предмет на гилотина во Франција.
Со започнувањето на овие нови протести против социјалните реформи на Макрон, се заокружува една година на незадоволство и демонстрации на голем број француски граѓани.



