Во градската галерија на Ларнака, Кипар, во рамките на Ларнака биенале 2018 , господинот Мице Јанкуловски ја доби наградата Уметник на светот. Биеналето Ларнака ги претставува уметниците од цел свет со дела со висок кавалитет и професионализам.
Јанкуловски на Биеналето Ларнака 2018 се претстави со делото „Форми од Венеција“ 2017, полиптих од 5 дела, сериграфија со примена на фрок, 100 х 350 см (5х100х70 см / секое).
Делото е куратирано од Енцо ди Мартино и печатено во графичкото студио Фалани, Венеција.



