Македонецот кој не се плаши, не се срами, баш напротив, гордост му е да го стави државното а потоа и националното знаме на својот грб пред целата светска јавност.
Тоа е Даниел Стефановски-Македонскиот воин како што го нарекуваат на неговите настапи официјалните водители на спортските натпревари.
Неприкосновен во рингот, опасен во секој момент, неговите противници се среќни ако не бидат нокаутирани во првата рунда.
Овој млад Македонецв е вистинска одлика на својот народ кој што го претставува. Не заборава на своите настапи да го подигне и Швајцарското знаме, како репрезент на земјата која го подигнала во она што тој сега претставува.
Вистински борец со видлива скромност и достоинство во рингот.
Проследете ја во продолжение неговата неодамнешна борба каде Стефановски го совлада Јану да Круз на настанот Гладијаторс најтс во Цирих, Швајцарија со што ја освои третата светска титула во ВКУ после титулите во Суперкомбат и годинава во ИСКА.


