• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Приказни од Јужна Европа во Земјата на Север од Македонија

декември 15th, 2018 Колумна коментари 1049

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Приказни од Јужна Европа во Земјата на Север од Македонија

Во услови кога би имале нормална држава со нормални власти, веројатно и општествените прилики би биле понормални врз основа на што и граѓаните ќе имаа едно далеку понормално секојдневие.

Под “нормалност” подразбирам вообичаен животен ритам на денот, месецот, годината кога секој поединец живее, работи и твори во еден предвидлив свет на одржливост и раст на својот човечки, културолошки, интелектуелен, финансиски и воопшто животен потенцијал.

Наместо таа нормалност нам ни се нуди промена на име, устав, идентитет, историја, државјанство, јазик (со фуснота) и мал милион нејасни и мистериозни промени за кои само Господ веројатно знае како ќе изгледаат во иднина.

Амандманите за промена на Уставот на Република Македонија усогласени во втората фаза од собраниската дебата и гласање со просто мнозинство како и со т.н. јавни расправи на платени експертутки ја добија својата форма.

Глумењето на некаква демократичност во овој процес од страна на власта нема врска со востановените принципи на модерната демократија. Ова реалити шоу претставува само безобразен начин на изигрување на народната волја со брутални методи и обиди за манипулации и перење мозок како и траорна атмосфера на страв и присила помеѓу народот.

И на влезот во тунелот на таа неизвесност што се одвива врз достоинството на Македонскиот народ, се наоѓаат насмеаните и навидум невини лица на претставниците на актуелната власт кои се директни актери во целокупната оваа филмска турлитава.  Настрана од филмското сценарио кое го обременува нашиот живот како народ во изминатата/изминатите година/и,  сценаристот предвидел ова филмско дејство да се прелее и во реалниот живот на публиката која откако ќе ја види одјавната шпица, ќе продолжи да живее со последиците предизвикани во овој трилер кој ни се случува моментално.

Во изминатата година во државата до екстрем се истакнаа основите за поделба на општеството, главно врз идеолошка подлога. Не се за занемарување и пројавените поделби помеѓу граѓаните врз основа на политички, социјален, интелектуален,  возрасен и професионален статус кои добиваат на израз токму врз основа на идеолошката поделеност. И во средината на тоа општо бунило и национална хипноза/обиди за хипноза беше токму референдумот на 30-ти септември кој излезе дека за едната страна е камен меѓник на победа а за други за пораз.

Формалната неуспешност на референдумот констатирана од Државната изборна комисија, за оваа генерација по се изгледа дека ќе остане само немо сведоштво пред историјата. Октроираните насилници кои пропагираа успешност на референдумот, за кои ништо не значи гласот на народот, по два дена бунило после референдумот побрзаа да прогласат “голема победа” на оние кои гласале ЗА успешност на референдумот.

Во секоја нормална и политички зрела држава тука ќе застанеше оваа луда замисла за промена на името, но не и за Владата на Република Македонија која ја игнорираше волјата на мнозинството граѓани на Републиката и продолжи на сопствена рака со процесот за уставни промени.

Силата за ваквото перверзно инсистирање за спроведување на процесот за уставни промени не доаѓа од челниците на власта колку тие и да изгледаат силни криејќи се зад инструментите на државата.

Таа силина во нормални политички околности не значи ништо.

Но по се изгледа дека нормалноста во оваа држава е само во главите на нејзините сатрапи.

Оваа држава на која и’ се навртеле разно-разни белосветски кумови продолжува да живее во својот чемер и јад.

Нова година е пред вратите и граѓаните на Република Македонија сакале-нејќеле ќе мора да глумат нормалност по сценариото на сценаристот.

Државата и народот остануваат подвоени меѓу себе.

Максимата “раздели па владеј” со векови се чини е ненаучена лекција на нашиот народ, етаблирајќи ја целата своја жестина во актуелното општествено расположение.

Јасно е како стигнавме до ова дереџе.

Јасно им е и на оние кои тоа го очекуваа од нас самите.

И не погрешија.

До кога?

Пишува: Кирчо Анастасов

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Започна украсувањето на Македонска Каменица
Следна објава Еве што се случува кога 20 хиени нападнат лав
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 618
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 633
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 617
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 602
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 531
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 970
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 616
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 756
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 798
Жена на денот
Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

1960
Маж на денот
Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

1853
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1483
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201819
Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства
Матна Брегалница

Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства

Апр 5th, 202018
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.