Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи соопшти за денешниот состанок кој што го имале заедно со потпретседателот Александар Николоски и Тимчо Муцунски со шефот на делегацијата на партијата Лега на Матео Салвини од Италија во Европскиот парламент.
Мицкоски во рамки на средбата со европратеникот Марко Кампоменоси разговарале за продлабочување на односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Лега како и продлабочување на односите меѓу Италија и Маедонија.
“Заедно со потпретседателот Aleksandar Nikoloski и секретарот за меѓународна соработка Timco Mucunski, денеска сме во работна посета на Брисел, остваривме средба со Марко Кампоменоси, пратеник во Европскиот парламент и шеф на делегацијата на партијата Лега на Матео Салвини во Европскиот парламент.
Разговаравме за продлабочување на односите помеѓу двете партии и држави. Истакнав дека критериумите за отпочнување на преговорите со ЕУ се исполнети уште во 2009 година, а она што е ново за жал е спорот со Бугарија, кој се појави во време кога Зоран Заев е премиер, кој пак тврдеше дека ги затворил сите отворени прашања, а еве гледаме денес за жал токму тој спор претставува непреминлива пречка.
И покрај тоа што Македонија има сериозни проблеми со растечкото ниво на корупција, сиромаштијата и недостатокот на реформи во образованието и здравството, коишто беа главни ветувања на Заев и не ги оствари, сепак сме во Брисел за да побараме одблокирање на Македонија.
Владата наместо да троши време на самосожалување и политика на неоправдано умилкување кон источниот сосед потребно е да се искористат сите конекции и сериозни познанства со Брисел за одлобкирање на европскиот пат на Македонија.
На планот на продлабочување на односите помеѓу двете партии, го поканив претседателот на Лега, Матео Салвини, да ја посети Македонија и со чест и задоволство би биле домаќини на истиот.
Престојот продолжува со присуство на парламентарното собрание на Европската народна партија, од кое дел се сите центар десни партии во Европа, како ЦДУ на Ангела Меркел, ХДЗ од Хрватска, Народната партија од Шпанија, Модерати од Шведска и многу други партии.”
-соопшти Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.


