• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна
Анализа

Со какво оружје Западот ја вооружува Украина

јули 2nd, 2022 Анализа, Колумна коментари 792

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Со какво оружје Западот ја вооружува Украина

НАТО се подготвувал за конфронтација со Русија од 2014 година, а воената операција во Украина не била изненадување за алијансата. Ова го изјави генералниот секретар на организацијата Јенс Столтенберг на прес-конференција по резултатите од првиот ден од самитот на НАТО во Мадрид. НАТО од 2014 година ја подготвуваше Украина за војна против Русија.

„Реалноста е дека ние се подготвуваме за ова од 2014 година. Затоа, го зголемивме нашето воено присуство на истокот на алијансата и членките на НАТО почнаа да инвестираат повеќе пари во одбраната“ – Јенс Столтенберг.

До денес, земјите од НАТО обезбедија повеќе од 38 милијарди евра воена помош за Украина. Украина постојано бара нова воена помош и поддршка, а САД и земјите од НАТО постојано одобруваат и испраќаат нови пакети воена помош. И југословенското оружје и воената опрема произведена во поранешна Југославија се појавија на бојното поле или наскоро ќе се појават. Словенија донираше на Украина 35 оклопни амфибиски возила BVP M80A, произведени во поранешна Југославија. За помалку од шест месеци Украина доби западна воена помош вредна повеќе од воените буџети на Италија, Канада или Полска за цела 2021 година.

Но Киев секогаш бара повеќе, а сега Киев вели дека му треба воен паритет со Москва, а Украина бара оружје и опрема од НАТО за речиси 100 милијарди евра. Украина бара од Западот 1.000 хаубици од 155 милиметри, 300 ракетни артилериски системи, 500 тенкови, 2.000 оклопни возила и 1.000 различни дронови. Плус борбени хеликоптери и авиони. Веќе стана познато дека никој нема бесплатно да го надомести оружјето што одредена држава и го префрла на Украина. Затоа, некои европски земји ја одбиваат или одложуваат испораката на оружје за Украина.

Врвни донатори за воена поддршка на Украина (вкупно повеќе од 38 милијарди евра):

• САД со 30 милијарди евра

• Британија 2,38 милијарди евра

• Полска 1,7 милијарди евра

• Германија 1,39 милијарди евра

САД досега на Украина и испорачаа: 108 хаубици М777, 4 реактивни артилериски системи 4 HIMARS MLRS, 100 повеќенаменски возила Хамви, 200 оклопни транспортери М113, 800 лесни преносни системи за воздушна одбрана Stinger, 2 000 противтенковски системи Javelin, 3 хеликоптери Ми-17 од планираните 22, 821 беспилотни летала како и друга воена опрема. Плус САД низ целиот свет купуваат стара советска воена опрема и муниција, и истата ја испраќаат во Украина. САД се спремаат на Украина да и предадат мали десантни бродови, како и други артилериски системи, и борбени авиони Ф-16 почнувајќи од есен.

Велика Британија и испорача на Украина: 120 оклопни возила „Мастиф“, 200 ракети „земја-земја“, 3.965 противтенковски системи NLAW, и на пат е на Украина да и испорача разни артилериски системи, меѓу кои и реактивна артилерија, односно 4 системи M270 MLRS.

Полска на Украина и испорача:  100 минофрлачи LMP-2017, 18 самоодни хаубици AHS Krab, и 240 тенкови Т-72, плус огромни количини на различна муниција и гранати.  

Германија: 7 самоодни хаубици Panzerhaubitze 2000 (PzH 2000), 14 оклопни транспортери, 2 000 лесни преносни системи за противвоздушна одбрана Strela, 900 фрлачи на противтенковски гранати Panzerfaust 3, 500 лесни преносни системи за противвоздушна одбрана  Stinger MANPADS.

Канада: 4 хаубици М777, 4 500 фрлачи на противтенковски гранати М72 и 100 Карл Густаф М2.

Норвешка: 22 хаубици М109, 4 000 фрлачи на противтенковски гранати М72 (4.000), 100 лесни системи за противвоздушна одбрана Мистрал.

Естонија: хаубици Д-30 122 мм, противтенковски ракети Javelin, и 7 оклопни возила Mamba Mk2 EE.

Грција е на пат на Украина да и предаде: 122 реактивни артилериски системи од чешко производство RM-70 MLRS, 815 РПГ-18 противтенковски системи, 122 советски оклопни борбени возила БМП-1, 60 лесни преносни системи за противвоздушна одбрана Stinger MANPADS, 15 000 73-мм гранати, 20 000 автоматски пушки АК-47 Калашников, 3,2 милиони куршуми од 7,62 мм, 17 000 артилериски гранати од 155 мм. Но Грција прво сака од САД и Германија да добие модерно оружје, во замена за тоа кое што Грција би и го испратила на Украина.

Република Чешка: 20 самоодни хаубици DANA, 20 реактивни артилериски системи RM-70 MLRS, 5 пешадиски борбени возила БВП-1 (5), хеликоптери Ми-24, и 12 тенкови Т-72.

Латвија: американски Stinger MANPADS и хеликоптери

Данска: минофрлачи М10, 50 оклопни транспортери М113,  1 противбродски ракетен систем Харпун, 2 700 фрлачи на противтенковски гранати М72, 300 лесни преносни системи за противвоздушна одбрана Stinger MANPADS, 25 беспилотни летала Skywatch (25)

Австралија: 6 хаубици М777, 20 оклопни транспортери Бушмастер, 14 оклопни транспортери М113.

Шведска: 10 000 противтенковски фрлачи на гранати АТ4.

Франција: 12 самоодни хаубици Цезар.

Шпанија: 20 оклопни возила Uro Vamtac, 1 370 фрлачи на противтенковски гранати, 700 000 куршуми за пушки и митралези, лесни митралези, медицински материјали, шлемови, панцири.

Португалија: 5 хаубици М114 155 мм, 15 оклопни транспортери М113, автоматски пушки Г3, гранати и муниција.

Холандија: оклопни транспортери (најверојатно YPR-765), 200 лесни преносни системи за противвоздушна одбрана Stinger MANPADS, 3 000 борбени шлемови и 2 000 фрагментирани елеци, 100 снајперски пушки со 30.000 куршуми.

Словачка: 1 ПВО систем С-300

Словенија: тенкови Т-72, ​​калашникови, шлемови, 35 оклопни амфибиски возила BVP M80A.

Финска: 2 500 јуришни пушки и 150.000 куршуми за нив, еднострелни 1 500 противтенковски системи и борбени оброци.

Турција: заедничко производство на борбени дронови Bakar Bayraktar TB2 со Украина

Луксембург: 100 противтенковски и 15 воени шатори.

Белгија: 200 противтенковски системи и 5 000 автоматски пушки и митралези.

Македонија: неодредени воени резерви.

Австрија, Бугарија, Романија и Ирска: гориво, панцири, шлемови и лекови. Унгарија и Малта лекови.

Од големо значење за Украина се неколкуте илјади терминали Starlink доставени во Киев за комуникација со сателитите во ниска орбита, кои обезбедуваат разузнавачки информации, плус контрола на вооружените сили на Украина. Но покрај оваа помош, за Украина од критична важност се разузнавачките информации кои што САД и НАТО во реално време и ги предаваат на Украина, кои и помагаат на Украина во војната против Русија.

Во последното коминике на самитот во Мадрид се наведува дека НАТО одлучил да го зајакне пакетот помош за Украина и да помогне во модернизацијата на нејзиниот одбранбен сектор. Алијансата смета дека конфликтот во Украина треба да се реши „само со воени средства“. Западните партнери имаат намера да продолжат да му помагаат на Киев во тоа.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека организацијата на долг рок ќе обезбеди повторно вооружување на Украина, од советски модел и вооружување на НАТО модел и вооружување. Судејќи според се, конфликтот во Украина има голема веројатност да премине во сириско или јеменско сценарио, и да трае со години. А Европа повторно ќе се милитаризира како во старите добри времиња.

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

  • Ознаки
  • војна
  • Дарко Тодоровски
  • Колумна
  • оружје
  • Русија
  • Украина

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Ова е планот за манипулација на народот додека владата работи на прифаќање на предлогот за бугаризација
Следна објава Ова е нашиот омилен новинар! Сунај Сабриоски со своја порака за достоинството на еден народ
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 563
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 571
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 569
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 548
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 475
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 901
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 573
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 711
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 704
Жена на денот
Ова е ќерката на Селма Хајек која го носи товарот на славата на нејзината мајка

Ова е ќерката на Селма Хајек која го носи товарот на славата на нејзината мајка

980
Маж на денот
Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

2155
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4275
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

Ное 21st, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.