Денеска е 5 ми Мај , ден на македонската азбука и јазик.
На денешен ден во 1945 година , со решение на Народната Влада на Федеративна Македонија, е прогласена официјално македонската азбука и македонскиот јазик како службен во државата.
Со тој чин, македонскиот јазик и азбука стануваат еден од стотици јазици во светот кои официјално се признати и употребувани ,наспроти илјадници други кои се во заборав.
Тоа е резултат на макотрпна борба на македонскиот народ со векови, почнувајќи со основањето на глаголицата на Светите браќа Кирил и Методиј во 9 век , надополнето со кирилицата и црквено- македонското писмо , илинденската азбука.
За кодификацијата и правописот на македонскиот јазик секако еден од најзаслужните е великанот Блаже Конески , преку Граматиката и тритомниот речник од 1966 година .
Во една од своите мисли за јазикот , тој ќе напише “ Јазикот е наша најкомплетна татковина “.
Македонците во Швајцарија и светот , ја продолжуваат вековната традиција за негување и изучување на македонскиот јазик и историја и покрај сите административни “државни” препреки.
Да останеме верни и горди на своите корени и како такви да ги пренесеме на нашите идни генерации.
Македонци за навек!Ecoles Macedonniennes


