Во рамки на своите меѓународни активности претставници на ВМРО-ДПМНЕ се во постојана ангажираност за промоција и афирмација на Македонија во меѓународни рамки. Како дел од ваквата посветена меѓународна политика на партијата, Пратеникот во Македонскиот парламент од реовите на опозицијата, Владимир Ѓорчев вчера беше во работна посета на Канцеларијата за надворешни работи на Велика Британија во Лондон каде се сретна со Ленс Дом кој што е заменик шеф на одделот за Западниот Балкан во директоратот за Европа и Кетрин Барнс, тим лидер за Македонија и регионот.
Во продолжение го пренесуваме соопштението за јавност лиферувано од страна на Владимир Ѓорчев по тој повод:
Добра и продуктувна средба во Форин офисот во Лондон со Ленс Дом, заменик шеф на одделот за Западниот Балкан во директоратот за Европа и Кетрин Барнс, тим лидер за Македонија и регионот во Форин офисот. 🇲🇰🇬🇧
Македонија и Велика Британија се пријателски земји, со силно партнерство. Имаме одлични билатерални односи во делот на политиката, економијата, одбраната и културата.
Ги информирав соговорниците за актуелните состојби во Македонија, како и за зголемената поддршка за ВМРО-ДПМНЕ во анкетите во пресрет на претстојните парламентарни избори следната година.
Членството во НАТО и ЕУ се меѓу клучните приоритети на надворешната политика на ВМРО-ДПМНЕ. Додадов дека токму ВМРО-ДПМНЕ беше првата политичка партија во Македонија која јасно порача дека нашата држава припаѓа во евро-атлантските структури и интеграции.
Компаниите од Велика Британија, САД, Германија, Италија, Франција, Австрија и другите НАТО и ЕУ земји се најголемите инвеститори во Македонија, кои вработуваат десетици илјади луѓе во нашата држава.
Британската компанија Џонсон Мети е НАЈГОЛЕМИОТ извозник од Македонија, со 900 вработени и годишен извоз од околу 1,5 милијарди евра.
Затоа, ќе продолжиме да ги развиваме нашите политички и економски односи со Велика Британија, како и нашите сојузници од ЕУ и НАТО земјите.
-соопшти пратеникот во Македонскиот парламент Владимир Ѓорчев.