Советот на Подмладокот на Европската Народна Партија, на состанокот во Прага, едногласно ја прифати, итната Резолуција, предложена од Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, со која
“Се осудува политичкото гонење во Република Македонија и ниското ниво на владеење на правото во државата “.Унијата на млади сили од ВМРО ДПМНЕ, преку усвоениот документ, ја доби поддршката од колегите од европските партии, со кој, јасно и недомислено, се бара, итно запирање на актуелниот политички прогон над членовите на партијата, од страна на режимот на претседателот на популистичкиот Социјал демократски сојуз, Зоран Заев, подигнување на нискиот степен на владеење на правото во земјата, преку ослободување на судските органи од стегите на власта, и овозможување слобода во изразувањето на сите чинители во општествениот и политички живот во земјата.
На состанокот беше усвоен и Манифест на младите за настап на европските избори во мај 2019 тата година.
-информираат од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.



