Прославувањето на традиционалниот годишен празник “Свети Кирил и Методиј” во училиштата по македонски јазик во Швајцарија е традиција која започна во 2015 година. По повод овој значаен културен настан за сите Македонци, учениците преку своја културна програма ги изразуваат своите научени знаења стекнати во текот на годината и со тоа гордо ги продолжуваат традициите на изучување и промоција на македонскиот јазик и култура.
Ова година за разлика од другите, е специфична за учениците по македонски јазик во Швајцарија – француско говорно подрачје , поради фактот што сеуште се нема испратено наставник од Министерството за Образование .
Така за прв пат после толку години, изучувањето на македонскиот јазик е доведено во прашање.
Сепак и покрај сите административни “државни” потешкотии , се изнајде решение наставата успешно да продолжи во училиштето во Женева.
Токму за овој денешен настан и покрај сите потешкотии од секаква природа , вредните ученици подготвија своја програма и со поканети гости ја реализираа видео претставата .
Потврда повеќе , кога се има желба и енергија , не постои несовладлива препрека за било што а камо ли за изучувањето на македонскиот јазик.
Среќен празник “Свети Кирил и Методиј “ на сите Македонци во светот!
Македонско училиште -Женева
Унија на македонските училишта во Швајцарија


