Поранешен член на УЧК, кој што е и косовски државјанин а во моментот директор на Агенцијата за иселеништво на оваа Северна Македонија, назначен од власта на СДСМ и ДУИ на вработените во Агенцијата им забранил во нивните канцеларии да користат национални и верски артефакти.
Во допис упатен до вработените од одделот за односо со јавност и промоција во име на директорот кој што денеска излезе во јавност, експлицитно и брутално се забранува користење на национални и верски обележја од страна на вработените.
Иако со устав е загарантирано правото на верска исповест во оваа држава, сепак ваквиот чин на директорот оди во спротивност на законите и универзалните човекови права.
Исто така ваквиот насилен начин на присилување на овие граѓани кои што се вработени бо Агенцијата да се откажат од своите национални обележја е нецивилизациска постапка која се судира со основните човекови права.
-“По барање на заменик директорот на Агенцијата за иселеништво г-дин Измит Нура, ве замолувам да ги тргнете од канцелариите сите национални и верски артефакти. Ви благодарам за соработката.”
-стои во дописот од извесна Симона упатен до вработените на Агенцијата.
Функционерот на ДУИ Измит Нура којшто сега е директор на Агенцијата за иселеништво, претходно беше директор во Агенција за млади и спорт, а негото име за прв пат ја разбранува јавноста кога се пофали дека гласал на предвремените избори на Косово.


