На 18-ти Септември легендарниот (некогашен) фронтмен на метал бендот “Пантера”, Филип (фил) Анселмо со неговиот актуелен проект бенд “The Illegals” испорачаа експлицитен сет на песни во “Саинт Витус” барот во Бруклин, Њу Јорк.
Интимното шоу од екстремниот метал бенд-броект предводен од еден од најпрепознатливите метал вокали во оваа музичка индустрија, Фил Анселмо, се состоело од сет листа на песни што се застапени на нивниот деби албум “Walk through exits only” (Оди само низ излезите) и овогодинешниот албум “Choosing Mental Illness аs a Virtue” (Бирајќи само ментална болест како доблест) и се разбира неколку кавер песни.
Изведбата на легендарната класика “A new level” (Ново ниво) од мега популарната “Пантера” 0д 1992 година е воскреснување на духот на овој веќе непостоечки бенд и звучи проклето вонвременски.
Погледајте-преслушајте: