Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски со свое гостување на програмата на Радио Лидер утрово говореше на повеќе актуелни теми од интерес на граѓаните на Македонија.
Николоски на почетокот од својата дискусија ги објасни мотивите на Зоран Заев зошто по секоја цена сака да се задржи на власт и ги одбегнува иницијативите на ВМРО-ДПМНЕ за создавање на Влада за национален спас која што на најсоодветен начин ќе се справи со негативните последици од пандемијата со Ковит-19.
Според Николоски единствената сламка за спас на Зоран Заев да се спаси од одговорност за огромните криминали кои што ги креираше во изминатите е негово останување на власт, каде од позиција на најмоќен човек во државата ги држи под своја политичка палка судско-обвинителските органи кои замижуваат на неговите криминали.
Во утринскиот разговор Николоски зборуваше и за промената на сопственичката структура на рудникот Иловица-Штука со бугарски капитал пренесен во земја квалификувана како даночен рај преку фирма регистрирана на адреса каде постојат информации дека станува збор за перална за пари, како и обидите за негово стартирање на штета на животната средина на што се спротивставуваат жителите во подрачјето на југоистокот од државата-регион засегнат од негативните ефекти на рударскиот процес.
Николоски кој што беше носител на кандидатската листа на пратеници во 4-та изборна единица на минатите избори токму од овој регион го изрази своето спротивставување на овие обиди да се стартува рудникот кој ќе донесе изразено негативни ефекти по однос на житотот на сите граѓани.
Целата емисија со Николоски погледнете ја на сл. линк тука: