Во врска со информациите дека на Македонските вина на меѓународниот саем кој што ќе се одржи во Франција од 12-14 март нема да им биде дозволено да се нарекуваат Македонски туку ќе бидат оквалификувани како Вина од “С” Македонија, своја реакција во јавноста упатија и од Асоцијацијата Македонско – француска дружба “- Рефрама од Женева.
Претставници на оваа македонска организација имале своја преписка со организаторите на саемот кои што им било укажано дека ваквата политика на организаторите на саемот е условена од официјалните политики на ЕУ каде што по интервенција на Грчката дипломатија се бришат сите придавки изведени од зборот “Македонија” поврзани со Република Македонија..
“Вина од Северна Македонија ја замени апелацијата за македонско вино
На меѓународниот саем на вина што ќе се одржи од 12 до 14 март годинава во Франција , македонското вино повеќе нема да може да се нарекува како такво, поради приговорот на соседна и “пријателска “ Грција.
Имено, уште на самиот почеток од пријавувањето на саемот , грчката надворешна дипломатија детално ја следи секоја информација поврзано со точниот назив на производите по потекло од Македонија. Водејќи се по принципот на доследно спроведување на “acquis communautaire “ од ЕУ а правно произлезено преку Преспанскиот договор, Грција ја стопира секоја номинација поврзано со придавката македонски , македонска , македонско …
Во преписката што денес како асоцијација ја имавме со надлежните од саемот, категорично ни беше одговорено, дека навистина им е “преку глава” од ваквите недоречености и проблеми поврзани со името Македонија. Тие колку и да сакат да се нарекува македонски вина, мора да се придржуваат на веќе склученото и јавно одобрено од ЕУ за комплетното исчезнување на терминот Македонец , македонски …Организаторите не сакаат да се мешат во политиката, тоа нив не ги интересира, единствено важно им е угледот и квалитетот на организирањето на манифестацијата, а за името нека му ја мислат оние кои го потпишале и усвоиле Преспанскиот договор.
Охи Македонија!
Охи македонско вино!
Да “живее”северна црпната творба !
Асоцијација Македонско – француска дружба “- Рефрама , Женева
Association Rencontre Franco Macédonienne
-стои во соопштението упатено до медиумите од страна на оваа македонска граѓанска организација.