По завршувањето на политичкото собрание на Европската народна партија (EPP) делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски може да се пофали со огромен број на средби со европски високи претставници на EPP во чии што рамки меѓу другото се разговараше за перспективата на Македонија во евроинтегративните процеси на земјата.
На маргините на овој политички настан од големо значење за развој на политичките процеси во Европа во иднина, раководството на ВМРО-ДПМНЕ на официјален состанок разговараа меѓу другите и со Претседателот на Европската народна партија Доналд Туск.
Во продолжение ја пренесуваме пораката на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од овој состанок:
“Денеска заврши политичкото собрание на EPP – European People’s Party, на маргините имав прилика да поразговарам со претседателот Paulo Rangel кој доаѓа од нашата сестринска партија од Португалија, разговарав и со господинот Дејвид Мекалистер којшто е претседавач со Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент и дел од нашата сестринска партија CDU од Германија.Сето ова заврши со еден официјален состанок, со претседателот на Европската народна партија тоа е господинот Donald Tusk. Разговаравме за ветото од страна на Бугарија кон нашата Македонија и неправдата која му е нанесена на македонскиот народ, нација и македонската држава, затоа што после толку години, после толку успешни извештаи повеќе од петнаесет години ние сме уште во чекалницата и сме жртви на непринципиелни барања од страна на поедини земји членки на Европската Унија.
Јас не можам да се поистоветам со челниците на СДСМ и да доаѓам овде во Брисел и да ја кодошам нашата Влада или да зборувам лошо, тоа е проблем којшто ќе си го решиме дома, на избори и таму ќе ги поразиме и таму ќе зборуваме за нивниот криминал, корупција и погрешни политики и немањето реформи.
Тука зборував и практично барав од соговорниците, од луѓето кои се дел Европската народна партија како што е Рангел, како што е Мекалистер и конечно Туск, да помогнат на Македонија и македонскиот народ да го добијат заслуженото, а тоа е конечно почеток на преговорите за полноправно членство во Европската Унија.”


