Претседателот на Македонскиот парламент Талат Џафери на седница на Комитетот за надворешни работи која се одржува како дел од Самитот “Европски парламент-Западен Балкан” наместо да се обрати на службениот македонски јазик на државата која ја претставува тој зборуваше на албански јазик кој што не е службен јазик за меѓународна употреба.
Според членот 7 од македонскиот Устав „на целата територија во Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“.
Видеото од самиот состанок на комисијата каде што Џафери зеде збор како претседател на Македонскиот парламент може да го погледнете на сл. линк ТУКА.
Џафери зборува после 32 минута од видеото,
Дали Џафери ќе сноси било каква одговорност за прекршување на Уставот на државата како секој граѓанин останува да видиме.


