На денешен ден 30 април во 1945 година во Берлин на зградата од Рајхстагот од страна на советските војници под команда на маршалот Ѓорѓи Жуков беше поставено знамето на СССР на местото каде претходно стоела свастиката на Третиот Рајх.
На денешен ден исто така во историографијата е познато дека Адолф Хитлер заедно со Ева Браун се самоубиле во подземниот бункер, по што нивните тела биле кремирани во бавча во непосредна близина на бункерот.
Решавачкиот последен напад на Берлин започнал на 16-17 април со жестоки улични борби во кои од една страна биле доминантно повозрасни лица или млади деца на страната на бранителите на Берлин и војнички супериорни руски војници на Црвената Армија кои иако со ранливи и несоодветни тенкови сепак пожртвувано влегле во Берлин и започнале освојување улица по улица, зграда по зграда.
Во битката за претстолнината на Третиот Рајх- Берлин која започнала во февруари 1945 година и траела до 2 мај животот го загубиле над 70000 советски војници. Во освојување на Берлин учествувале единици под команда на маршал Жуков и маршалот Конев.


