• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Новата стратегија: Човек од народот, за народот, со народот

март 31st, 2022 Колумна коментари 420

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Новата стратегија: Човек од народот, за народот, со народот

ВМРО е народот и народот е ВМРО!

Овој лајт мотив на секој кој во себе го носи кодот на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација треба да има посебно значење во филозофијата на живеење и делување на еден политички самосвесен човек за важноста и суштината на неговиот политички ангажман.

Суровоста на хибридниот режим во Македонија во основа се базира на силата и значењето кое што му го дава изборниот легитимитет на предвремените парламентарни избори во 2020 година со распоредот на политичките сили во собранието, таков каков што е моментално.

Легитимитет стекнат на избори (без разлика на начинот на кој што беше извојувана таа политичка моќ) може единствено успешно да биде одземен на избори!

Да! Тоа е можно, но и особено значајно и потребно во актуелниот геостратешки контекст на Балканот и во светот.

Прашањето е како да се дојде до парламентарни избори, но и на кој начин ќе се води политичката борба до изборите? Дополнително она што мене а верувам и мнозинството Македонски народ го интересира е прашањето како по изборите? Овие три прашања апсолутно е потребно да се третираат во ист контекст, за да обезбедиме соодветно ниво на промени кои што ќе значат прво запирање на актуелниот штетен тренд на пропаѓање на Македонската држава а потоа и подобрување на состојбата.

Видовме дека со власта предводена на СДСМ и коалицијата во партнерство со ДУИ со секој нов ден се пробива дното на негативни трендови во функционирањето на државата како и во животите на секој еден поединец.

Оттуѓеноста на актуелната власт од своите граѓани, одработувањето на скриени агенди за кои што претходно челниците на СДСМ експлицитно и јавно лажеа во јавност со огромно ниво на јавна корупција и евидентни случаи на криминал несанкционирани од политички компромитираното судство/обвинителство се приоритетните проблеми кои што мора да бидат третирани и артикулирани решенија за нивно сузбивање. И оттука мора да започне широкиот фронт на обединување на сите поединци и групи во Македонското општество околу ваквите идеали за борба против актуелниот хибриден режим во Македонија. Спроведувањето на политики против волјата и интересите на мнозинството население оттуѓеноста на било која власт од народот, корупцијата и криминалот се основни антифундаменти на една минимум демократија во државата. Се после ваквите политички проблеми е второстепено, па дури и економските состојби.

  1. Злоделата од репресијата врз Македонскиот национален идентитет кои што актуелната власт ги направи и сеуште ги прави на штета против волјата на Македонскиот народ е историска тема која што постои откако постои зборот Македонија. Не е ништо ново! И се додека постои ваквата репресија ќе постои и активен отпор и борба против истата.
  2. Се сеќаваме ли на избраниците на Комунистичката партија на Југославија (Читај другарот Тито и шака негови режимски извршители) кои единствено тие имаа право да бидат власт во државата, додека обичниот народ беше “предодреден” да работи во фабриките и полињата за да го одржи во живот тој комунистички режим? Епа токму СДСМ е партија која е сукцесор на ваквата моќ на “плавата крв” која до ден денес живее во филмот дека е предодредена да владее на овој простор! И ваквиот дефект во политичките сваќања на група елитисти во власта ги прави да бидат оттуѓени од народот за чии што интереси кој во услови на една демократија треба да работат.
  3. Можеби во тековната година еден поединец ќе биде поткупен, ќе преживее физички задоволувајки некое основно ниво на егзистенцијални потреби, но што станува понатаму?
    Дали добро сме ја разбрале мудроста на нашиот Бог Исус Христос во која се вели:
    “Ако сакаш да нахраниш човек за еден час дај му риба. Ако сакаш да нахраниш човек за цел живот научи го да фаќа риба”.
    Оваа мудрост на најлош можен начин се злоупотребува од актуелната власт во државата, задоволувајки ги егзистенцијалните потреби на определена категорија на граѓани по пат на јавна корупција (ваучери, вработување во администрација, социјална помош, прехрамбени пакети, еднократен додаток на пензии, помош на сопственици на фирми…) во функција на остварување на политичка корист на избори за ваквите “доброчинители” со пари од сите граѓани во државата.
  4. Истовремено во државата се спроведува селективна правда која е полоша од неправдата.

Овие четири параметри мора да бидат врвот на сарисата за борба против актуелната режимска власт. Најсилните адути на кои се базира владеење на СДСМ и ДУИ мора да бидат жестоко нападнати, со сите расположиви политички сретства за да биде разнишана суштината на нивното владеење.

Во таа борба веќе има и тоа какви жртви кои на свои плеќи го носат бремето на таа политичка пресметка. Политичкиот непријател не е за потценување, но моќта на обединет народ е единствената непоразена сила во сите стадиуми на развој на општественото живеење.

ПС. Секој обид за дестабилизација и радикализација на политичката состојба во Македонија оди во прилог на продолжување на владеењето на СДСМ и ДУИ.

ППС. Пред нешто повеќе од една година пренесов свој личен став јавно дека против ваквиот хибриден режим кој што е на власт во Македонија “гандиевски отпор” е еден од начините за негово детронизирање.

Пишува: Кирчо Анастасов

  • Ознаки
  • Кирчо Анастасов
  • Колумна

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Со нови "штосни" канти за отпадоци се пофали градоначалникот на Велес
Следна објава Двајца Косовари и Кумановец лишени од слобода на паргинг во Штип во обид за шверц на 150 кг марихуана
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 612
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 627
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 612
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 599
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 529
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 963
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 613
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 746
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 788
Жена на денот
Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

651
Маж на денот
Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

1690
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1448
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201820
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd, 202218
На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara
Матна Брегалница

На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara

Апр 23rd, 201917
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.